Михајло Пупин никогаш не го заборавил потеклото, горд на своите Вевчански корени - Македонија Денес

Михајло Пупин никогаш не го заборавил потеклото, горд на своите Вевчански корени

Опомена!!!

Михајло Пупин [1858 – 1935] е светски познат пронаоѓач, иноватор и научник во областа на физиката и електрониката чие име се поврзува со раѓањето на многу патенти од сферата на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.

Пупин како иноватор и пронаоѓач го пронашол системот за повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци. Човештвото го задолжил засекогаш со решението на проблемот на телеграфскиот и телефонскиот пренос во далечина. Додека за своето дело “Од имигрант до пронаоѓач” ја добил и Пулицеровата награда.

Животното патешествие на овој пронаоѓач од светски ранг започнало прво со преселба во Панчево, па по совет на неговата мајка поради проблемите кои ги правел заминува да се школува во Прага. Но Пупин не е задоволен од квалитетот во образовниот систем па повторно го напушта училиштето и во 1874 година преку Ханбург на само 20 години заминува за Америка.

Михајло Пупин

Но во САД Пупин не станал веднаш познат. Прво работел како чувар на магацини, физички работник, бојаџија на коли, молер па дури и како ложач во фабрика за бисквити во Њујорк. Но паралелно студирал и за упис за колеџот Колумбија за конечно во 1879 година да го положи приемниот испит.

Дипломирал за четири години како најдобар студент а во меѓувреме се стекнал и со американско државјанство со што почнал да работи како професор по уметност но не престанал да студира прво на Кембриџ а потоа и во Берлин. Докторирал со одличен успех, на тема „Осмотскиот притисок и неговиот однос кон слободната енергија“.

Како доктор на науки, во 1889 година Михајло Пупин се вратил во Њујорк  и станал професор по математичка физика на Катедрата за електротехника и управник на Електротехничкиот институт на универзитетот Колумбија. Во таа лабораторија тој реализирал 25 извонредно значајни патенти, кои денес сè уште се фундаменти во соодветната технологија.

Михајло Пупин

Од неговиот oсобено значен придонес во областа на физиката, доволно е ако се споменат само енциклопедиските единици именувани според неговото име, како што се Пупиновата теорија, Пупиновите калеми, пупинизацијата.

Во текот на својот работен и животен век д-р Пупин добил многу почести, награди и признанија. Бил претседател на Американскиот институт на радио инженерите и претседател на АИЕЕ (Американски институт на електро инженери), прв човек на Американската асоцијација за унапредување на науката и на Њујоршката академија на науки, како и член на Француската академија на науки.

Во 1920 година го доби Едисоновиот медал на АИЕЕ за својата работа во математичката физика и нејзината примена во електричната трансмисија. Една сала во универзитетот во Колумбија и многу лаборатории во другите универзитети во САД го носат неговото име. Во негова чест на Месечината е именуван кратерот Пупин.

Михајло Пупин

Покрај разните одликувања, му биле доделени дури 18 почесни докторати на разни универзитети. Пупин бил член на повеќе академии на науки и претседател на Академијата на науките во Њујорк. Во знак на признание на МихајлоПупин, голем број угледни институции во светот го носат неговото име.

Она што е историја но и факт е дека семејните корени на Пупин се од село Нича, Москополе, денешна Албанија. Потекнува од влашко семејство кое по потрага по подобар живот се преселува во Вевчани. Добар дел од неговата фамилија останува во селото но големото сточарско семејство на Пупин меѓу кои неговите родители Константин и Олимпијада решаваат да заминат за банатското село Идвор во Србија.

Многу години подоцна од смртта на неговата мајка, за време на неговиот престој во Германија Пупин основа и фондација која била наменета за помагање во школувањето на децата од Србија но и родната Македонија во спомен на неговата мајка.

Михајло Пупин дури му пратил и писмо на тогашниот американски претседател Вудро Вилсон каде ги објаснил етничките карактеристики и граници на Далмација, Словенија, Истра, Банат, Меѓугорје, Барање но и Македонија. Никогаш не криел и често ја искажувал својата љубов кон Македонија и Охрид каде донирал црковни ѕвона како поклон за охридските цркви а основал и независен фонд за помош на сиромашното население во охридскиот регион.

Пупин иако се обидувале да го прикажат поинаку и многумина се обиделе да го препишат неговиот успех на своја сметка и според неговите потомци тој ја афирмирал и бил горд што ја претставува Македонија и македонскиот народ, залагајќи се и за атономија на Македонија што било и причина за неговото великодушно и нескромно донаторство и добротворство во Македонија.

Во негова чест денес во Вевчани е отворен спомен дом на Михајло Пупин. Семејната куќа на родот негов изградена во средината на XIX век сега е целосно обновена со соодветна музејска поставка за неговиот живот и дело.

Михајло Пупин

Но зошто е добро за се знае за Пупин дотолку повеќе што е Вевчанец. Михајло патентирал многу,но ова е она скромното во основа по што светот веќе не бил ист. На 8 мај 1894 година го патентира апаратот за телеграфски и телефонски пренос, на истиот датум и година го патентира и трансформаторот за телеграфски, телефонски или други електрични системи додека на 2 јануари 1900 година повторно патентира два изуми, техника на дистрибуција на електрична енергија со помош на наизменични кола и електричен пренос со резонантни кола.

На 19 јуни 1900 ги патентира техниката на намалување на слабеењето на електричните бранови и апарати за тоа и методот на намалување на слабеењето на електричните бранови и апарати за тоа. На 15 април 1902 ја патентира машината за намотување, а на 12 август 1902 година ги патентира и повеќекратната телеграфија, а на 4 ноември истата година патентира и производствонаасиметричниструивосиметриченнаизмениченелектриченпроцес.

На 23 август и 7 јули 1904 година ги патентира безжичниот пренос на електрични сигнали и апаратот за намалување на  слабеењето на електричните бранови. Додека на 16 март и 7 април 1920 ги патентира преносот на електрични бранови и антената со дистрибуиран позитивен отпор.

На 3 декември 1921 го патентирал звучниот генератор. Само 20 дена подоцна ја патентирал и повеќекратната антена за пренос на електробранови. Следната 1922 година на 9 и 10 мај како и на 29 мај ги патентирал селективна спротивна импеданција на примените електрични осцилации, радио приемот систем со висока селективност и брановиот проводник. Последните Пупинови патенти се во 1923 година. Апарат за  селективно засилување, а периодичниот пилотен проводник, апарат за селективно засилување, електричното нагодување и тонски радиоприемник.

Она пак што малкумина го знаат е дека Михајло Пупин е еден од деветте  основоположниците на Националниот советодавен комитет за аеронаутика формиран при канцеларијата на државниот секретат за војна на 23 април 1915 година т.е. денес толку познатата НАСА. Но и дека редовно соработувал со Алберт Ајнштајн во зенитот од својата кариера,а негова најголема желба била да се смири со долгогодишниот пријател Никола Тесла пред да почине, што и се случило.

Автор: С.Н.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »