“Microsoft HoloLens” новата генерација холограмски очила(видео) - Македонија Денес

“Microsoft HoloLens” новата генерација холограмски очила(видео)

Опомена!!!

Microsoft веќе подолго време работеше кон усовршување на новата генерација холограмски очила кои требаше да ги заменат недостатоците на генерациите од 2016 и 2015 година.

И оваа есен успешно ги претставија своите нови холограмски очила.

Според оние кои ги тестирале се добива нереален впечаток како да имате компјутер во своите очи, во најмала рака пред нив иако не ја чувствувате тежината и овој пат оптичкиот спектар е широк и не пречи во работата.

Microsoft очилата овој пат ги направи повеќенаменски. Софтверот е пософистициран и можностите за складирање на внатрешна и надворешна меморија е значително поголем. Она што изненадува е функционалноста па така екранот со холограмски приказ е во висина на нормалниот поглед додека останатиот дел од очилата се “слободни” од презентацијата со што истите наоѓаат огромна примена.

Прво и основно самата компанија оваа нова генерација холограмски очила ги дизајнираше токму за дизајнерските индустрии. Сега веќе не е доволно само компјутерски 3D приказ на дизајн на автомобил, дизајнерите може тоа да го искусат во “реалност” при што самите очила овозможуваат и интервенции во дизајнот а не само реален поглед кон него.

Сегмент каде новите холограмски очила ќе најдат примена е и во градежништвото. И тоа од ентериерно – екстериерен дизајн на простории и простор до поголеми површини па и цели градежни парцели.

Практична примена сепак најмногу е проценета во активното подобрување на работењето на луѓето кои работат на поврзување на компјутерски системи, електрични инсталации и слично. Со овие очила ерата на графикони и шаблони за поврзување е минато.

Само се става софтверската поддршка од одредениот шаблон или графикон и работникот може слободно користејќи ги двете раце да ја извршува својата работа. Со поглед во очилата го гледа шаблонот кој треба да го поврзе, а со мало спуштање на погледот го гледа пред себе предметот каде треба да ги поврзе елементите.

Очилата најдоа примена и во полицијата и безбедносните структури за реконструкции на места на несреќи но и во поделотворно делување низ градскиот метеж. Едноставно очилата имаат огромна употреба моќ.

Сепак новата генерација холограмски очила не се ограничува само во т.н. бизнис сектор и секторот за иновации и истражување.

Има и два сегменти кои до сега не беа вклучени во проектот. Првиот е едукативен со што учебниците а особено помошните помагателни предмети како мапи, глобуси и слично веќе нема да се потребни затоа што посебен софтвер ве води низ овие едукативни елементи.

И сосема за крај провејува новата на забава. Па и на нередот во вашиот дом од многуте креативни игри како склопување замоци од пластични коцки или сложувалки е решен. Сега со новата генерација холограмски очила може да се вчита просторијата каде детето сака да игра и на имагинацијата и нема крај. Најдоброто нешто е што софтверот го меморира проектот и детето по пауза може да продолжи каде застанало.

Се очекува со одредени подобрувања очилата особено да најдат примена во медицината но за тоа секако треба посебни регулативи и одобрувања.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »