Метро во форма на пенкало кое мери во 3D(видео) - Македонија Денес

Метро во форма на пенкало кое мери во 3D(видео)

Опомена!!!

Ова не е обично метро. Со него можете како и со стандардното градежно да измерите висина и ширина.

Има форма на пенкало и како паметен уред се поврзува со bluetooth со вашиот паметен телефон. Но што е специфично за него.

Прво изгледот. Лесно е прилагодлив и со својот сензор не ги предизвикува традиционалните проблеми на метрата кога се мери нешто. Ова метро нема никогаш да ви предизвика проблеми во одмотувањето.

Сегментот кој е врв во иновацијата за мерни инструменти е оној дека ова метро можи да мери во 3D. Значи не само должини, ширини, туку и кривини, така лесно може и со седење да си ги “земете” мерките од вашиот омилен блузон.

Она што е инспиративно се огромните можности кој ги нуди овој алат.

“Идејата потекна од еден проблем кој го имаше еден наш колега дома. Решил самиот да ја претапацира софата но се соочил со проблемот колку материјал да порача. Порачал “од око” но кога материјалот конечно пристигнал се соочил со проблемот каде треба да крои и шие.

При една дискусија на кафе пауза ни го претстави проблемот. И така се роди идејата. Не беше тешко од нешто во форма на пенкало да направите метро кое работи на база на сензор но да мери и 3D кривини беше предизвик. Притоа ни требаше прецизен алат.

По многу обиди, ова е решението кое верувајте и ние се изненадивме колку широка палета на користење има во сите индустрии иако ние првенствено го дизајниравме за домаќинствата.

Скоро во целост во текстилната, металуршката индустрија но не помалку и кај дизајнерите. Последните испитувања беа со градежници. Тие по основ на алатот се традиционалисти. Не сакаат иновации. Но како и самите објекти добиваат нови чудни облини и форми искрено ни честитаа за иновацијата.”

Моделот за домаќинствата има цена. Веќе ќе биде пуштен во малопродажба. Оној за поголемите индустриски гранки ќе има и подруг лик, поцврсто тело и секако попрецизни елементи а и ќе мора да направиме посебен додаток кој ќе ги отчитува мерките а притоа и ќе може in real time да ги конвертира од инчи во сантиметри на пример.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »