„Max Planck Society" со рекордни 443 милиони евра од програмата Хоризон 2020 - Македонија Денес

„Max Planck Society” со рекордни 443 милиони евра од програмата Хоризон 2020

Опомена!!!

Max Planck Society for the Advancement of Science“ е независна, невладина и непрофитна асоцијација на германските истражувачки институти.

Основана е во 1912 година, со седиште во Минхен, а името го носи по поранешниот претседател, теоретскиот физичар Макс Планк. Под асоцијацијата спаѓаат 83 институти со 17 000 вработени, меѓу кои 5470 научници.

Има водечка репутација во светот, кога се во прашање истражувањата од областа на технологијата и науката. 33 научници од „Max Planck Society” се добитници на Нобелова Награда, а дел од оваа организација бил и Алберт Ајнштајн.

Бидејќи организацијата и 83-те институти се „виновни“ за дел од најзначните откритија во историјата, но и за оние кои допрва следат, програмата Хоризон 2020 ја финансира „Max Planck Society for the Advancement of Science“ со грантови од вкупно 443.037.605 евра во рок од три години. ( 2014-2015-2016)

Еве дел од нивната стратегија за добивање на грантови во изминативе години од програмите и пред Хоризонт 2020..

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020 која поддржува иновативни и истражувачки проекти, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »