Мала помош за лицата со артритис (видео) - Македонија Денес

Мала помош за лицата со артритис (видео)

Опомена!!!

Некои нешта ги земаме како наше безусловно право се додека некоја болест не ни го попречи патот по која обичните секојдневни нешта стануваат тешки за реализација. Затоа користењето на иновативноста е есенцијално кон ресоцијализација на овој вид пациенти.

“Заболувањата кои не се животоопасни но со својата прогресивност сериозно ги прават навидум обичните дневни рутини на човекот невозможни знаат да нервираат со што се создава и доза на немоќ која пак резултира со депресија. Така тие лице повеќе сами се повлекуваат во себе и губат желба за што и да е отколку што навистина се во неможност.

За таа цел нашата компанија разработи серија иновации кои им го олеснува животот на овој вид пациенти и тоа не се медицински помагала туку помагала кои само го враќаат во некоја нормала секојдневното живеење.

артритис

Првично започнавме со лажицата која под агол од 90 степени помага на лица со голем степен на артритис а потоа и со цел сет за домаќинство. Сериозноста од наша страна во пристапот на иновациите беше огромна. Работевме со лица кои имаат почетни степени на артритис затоа што внимававме како би се чувствувале оние кои сериозно ќе зависат само од нашите иновации.

артритис

Ова е заболување кое знае да фрустрира. Мозокот е целосно свесен а со тоа и вие за вашите активности кои сакате да ги реалзирате но вашето тело не реагира соодветно на вашите команди. Затоа ние понудивме едноставни решенија за секојдневниот живот.

артритис

Таква е и нашата последна иновација. Мала помош при закопчување и откопчување за лица со артритис. Иновацијата не е голема во нејзината комплицираност туку колку е едноставна за ракување и делотворна.

Нашата ја тестиравме на лица со разни стадиуми на артритис и сите ја оценија како функционална и од голема помош. Особено бевме задоволни што лица кои години биле зависни од тоа некој друг да им ја закопчува облеката сега тоа можат да го прават сами.

И на крајот од денот не е до немоќта или имањето или не помош. Најбитно е кај пациентот да се задржи нивото на независност и самостојност. А токму тоа го правиме и ние со нашите иновации.”

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »