Македонецот Игор кој работи во Швајцарија има иновативна идеја за зачувување на градби од историско и културно значње во матичната земја! - Македонија Денес

Македонецот Игор кој работи во Швајцарија има иновативна идеја за зачувување на градби од историско и културно значње во матичната земја!

Опомена!!!

Игор Цветковски е роден во Скопје а од 01 10 2005 живее во Цирих Швајцарија.

На својот ФБ профил напиша статус кој доби поддршка од многумина за зачувување на градби од историско и културно значење.

Работи во Цирих во фирмата RASCOR  – меѓународна корпоративна група специјализирана за развој и производство на структурни водонепропустливи (хидроизолациски) системи. Поттикнати од пионерски дух, фокусирани на осмислување на прилагодливи концепти за водоотпорност во глобалната градежна индустрија. Нивните докажани резултати за развој, производство, дизајн и инсталација се протегаат повеќе од половина век.

Со неговото работно искуство во RASCOR Игор се смета за еден од најспособните во Швајцарија за Абдихтунг, Дихтување на објекти кои се под вода.

Тој своето знаење сака да го пренесе во Македонија, вели дека има многу идеи,  а една од првите е црквата „Св. Никола“, која е една од поголемите атракции во Маврово, изградена  од страна на рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровско Езеро во 1953 година, а секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво.

Тој најави дека во август и септември ќе дојде во Македонија кога и веројатно ќе ги презентира своите идеи за кои доби голема поддршка од Македонците и предлози за уште многу градби кои можат да се зачуваат на овој начин.

Инаку хидроизолациските концепти во RASCOR – се погодни и за нови градби освен оние кои се за реновирање. RASCOR гарантираат најдобри решенија, врвна хидроизолација за нивните клинети.

А на нашиот Игор кој ја поднесе оваа иницијатива му посакуваме успех во неговата идеја која се надеваме дека ќе стигне до реализација.

Фото: Facebook

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »