Мачорот Оскар има бизарна супер моќ да намириса смрт! Тој на чиј кревет ќе се качи – сигурно нема да ја преживее ноќта!(видео) - Македонија Денес

Мачорот Оскар има бизарна супер моќ да намириса смрт! Тој на чиј кревет ќе се качи – сигурно нема да ја преживее ноќта!(видео)

Опомена!!!

Мачорот Оскар има неверојатна способност да намириса и почувствува кога некој ќе почине. Имено, овој мачор живее во еден дом за стари лица и во повеќе од 50 документирани случаи, бил покрај оној пациент кој по неколку часа починале.

Персоналот кој работи во домот не поверувале веднаш во „супер моќта“ на Оскар и решиле да го тестираат, така што го ставале на кревет на пациентите кои се витални и прилично здрави, меѓутоа Оскар едноставно ќе појдеше на друг кревет и ќе легнел до личноста која умира.

За неговата способност напишана е и книга, а неговата приказна ја открил доктор Давид Доса, помошник професор на универзитетот во Браун. Овој професор тврди дека предвидувањата на Оскар ретко кога биле погрешни во изминатите шест години.

-Оскар бил посвоен пред седум години како маче. Од тогаш, ја имаа таа моќ да почувствува смрт и не мислиме дека тоа е случајност. Во книгата се опишани дневните рутини на Оскар, како поминува време во соба, но и како ретко посетува и се дружи со пациентите кои се уште имаат шанса за живот. Од друга страна, тој одредени пациенти почесто ги посетува и не сака да се оддели од нив во последните мигови. Доколку би го одделиле од пациентот кој умира, Оскар ја гребе варата обидувајќи се со сите сили да се врати во собата.

Доктор Доса во неговата книга не нуди никакви научни објаснувања за способностите на овој мачор, туку само го споредува со кучињата кои може да намирисаат рак.
Доктор Даниела Естепа, експерт за однесувањето на животните мисли дека Оскар може само да препознае намалено и забавено движење на пациентите и да ги толкува како болест, како што на пример мачките може да почувствуваат кога нивните сопственици се болни.

Исцелителски моќи на мачките: Еве што се лекува овој домашен миленик (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »