Луна советува: Вклучете се во кампањата “Стоп за отровите, живот за милениците” - Македонија Денес

Луна советува: Вклучете се во кампањата “Стоп за отровите, живот за милениците”

Опомена!!!

Драги мои читатели,

Последниве неколку недели сум во шок што се случува низ државата. Најпрвин ми беше чудно зошто моите сопственици се поретко ме шетаат, а кога тоа го прават е со голема претпазливост и внимание нешто да не помирисам или лижнам од земја. Не можев да сфатам што се случува но, сега кога одекна по сите медиуми и социјални мрежи решив и јас денешната моја колумна да ја посветам на оваа тема.

Како знак на револт за еден конкретен случај што настана со напад на куче врз малолетно дете со смртни последици започна масовно ставање на отрови насекаде по јавни места низ различни градови и труење на милениците. Огромен е револтот на граѓаните и сопствениците на домашни миленици за ваквата реакција и постапки. Се подигна степенот на претпазливост и страв на највисоко ниво да се шетаат милениците и да се социјализираат на јавни места.

Јас лично не можам да сфатам што сме ние милениците виновни за едно единствено куче кое од различни побуди или околности било доведено во ситуација да нападне малолетно дете. Дали сега сите ние треба да бидеме казнети и жртвувани за овој случај?

Со цел да ја разбудам свеста на сите кои сакаат да се приклучат во изразување на личното незадоволство и осуда на сето ова што се прави во последниов период се одлучив да бидам иницијатор на јавна кампања под мотото “Стоп за отровите, живот за милениците”. За сите детали околу кампањата и активностите редовно ќе ве известувам во наредниот период преку мојата фејсбук страница (https://www.facebook.com/LunaMalteseDog/) и преку мојот матичен електронски медиум Македонија Денес (https://makedonijadenes.com.mk/category/milenitsi/luna-sovetuva/).

Во денешнава колумна накусо ќе ве информирам за најопасните продукти кои се отровни и може да имаат смртни последици за вашиот миленик (покрај отровот кој може да се стави во било која намирница и да биде фатален), за најчестите симптоми кои манифестираат труење и кои се првите непходни чекори кои мора веднаш да ги преземете со цел да го спасите вашиот миленик.


Прехранбени производи штетни за вашиот миленик
Метаболизмот на вашиот миленик е многу различен од човечкиот. Токму затоа треба да внимавате дека не секоја храна која вие ја консумирате е здрава за вашиот миленик, туку напротив може да биде опасна, а во некои случаи и фатална. Најчесто опасни продукти кои содржат отровни супстанци за вашиот миленик се чоколадо, авокадо, грозје и суво грозје, ореви и алкохол. Вештачкиот засладувач кој може да се најде во шеќер исто така може да предизвика несакани здравствени проблеми како на пример слабост и напади.

Растенија
Неколку популарни цвеќиња и растенија за домаќинството може да се отровни за вашето куче како на пример лалиња, нарциси, azaleas и rhododendrons. Секогаш кога е можно сопствениците на миленици треба да избегнуваат да ги чуваат овие растенија во своите домови и дворови.

 

Лекови
Многу лекови кои се корисни за луѓето можат да бидат штетни за милениците. Некои од најчестите примери вклучуваат антидепресиви, медикаменти за регулирање на крвниот притисок и болка. Исто така ибупрофен, advil, aleve и рибиното масло може да се токсични. Затоа сите овие лекови чувајте ги надвор од дофатот на вашиот миленик.

Производи за домаќинство
Постојат голем број на производи за домаќинството кои содржат хемикалии кои се опасни доколку бидат проголтани од вашиот миленик. На пример средствата за чистење, антифриз, хемикалии за чистење на базени, тревник и градина може да доведат до сериозни здравствени компликации за милениците.

Инсектициди
Производите кои се наменети за истребување на мравки, лебарки и други инсекти штетници можат да бидат отровни за милениците. Затоа бидете особено внимателни.

Кои се најчестите знаци на труење на милениците?
Степенот на труење е различен во зависност колку вашиот миленик има проголтано од отровот и од видот и интензитетот на отровот. Иако симптомите на труење кај милениците се разликуваат многу од случај до случај, сепак постојат некои од најчестите како на пример:
– абнормално однесување
– црн измет
– колапс
– кашлање
– намалено или отсутно мокрење
– дијареа
– прекумерна жед
– прекумерно мокрење
– недостаток на апетит
– гадење
– повраќање
– слабост
– омалаксаност.

Доколку знаете или се сомневате дека вашиот миленик е отруен, преземете ги следниве чекори:

Чекор 1– Обидете се да останете смирени, и покрај тоа што е важно да се дејствува брзо, Исто така, мора да дејствувате внимателно.

Чекор 2 – Соберете го преостанатиот отров или било какви други супстанции кои довеле до труењето (како на пример повраќаницата) која може да биде клучен доказ за да се идентификува типот на отровот кој имал влијание на вашиот миленик.

Чекор 3 – Итно јавете се на дежурен ветеринар и бидете подготвен да дадете информација за расата, возраста, полот и тежината на вашиот миленик, како и симптомите и други важни информации во врска со инцидентот. Доколку вашиот миленик има напад, се бори да дише, или губи свест, однесете го веднаш и итно до вашиот или дежурен ветеринар.

На самиот крај од денешнава колумна ве повикувам сите да бидеме разумни, смирени, човечни. Одземањето на недолжни животи на милениците нема да ги реши проблемите со кои се соочуваме ниту ќе ве направи човечни.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »