Љубовни совети кои ги нервираат жените, а се реални и точни! - Македонија Денес

Љубовни совети кои ги нервираат жените, а се реални и точни!

Опомена!!!

Овие љубовни совети жените ги мразат, но порано или подоцна сфаќаат дека се точни.

Порано или подоцна ќе го запознаеш вистинскиот. Не, не дозволувајте вашиот љубовен живот да се претвори во вечна потрага по оној вистинскиот . Не постои еден единствен маж кој е совршен за вас, има стотици мажи кои можат да бидат совршено компатибилни партнери.

Ако се сакате, ништо друго не е важно. Убаво е да се минува низ животот во романтичен тон, но без разлика колку е силна љубовта, за жал само од неа не се живее. Тажниот факт е дека може лудо да сакате некого кој е сосема погрешен избор за вас од многу причини. А кога не ве почитува, не ве цени и омаловажува, љубовта не е доволна.

Љубовта не се бара, љубовта ве наоѓа вас. Постојаното дружење со едни исти луѓе, на исти места тешко дека ќе ве доведат до потенцијалниот партнер. Не велиме дека тоа не е можно, но секако е помалку веројатно отколку кога го ширите кругот на вашите интереси и познаници.

Треба да ги намалиш очекувањата. Сосема е нормално да се сака партнер кој ќе исполни одредени карактеристики кои вам ви се исклучително важни, но не е нормално да се отстапи од своите желби само за да не се биде сам. Впрочем, сите имаме поприлично реални желби и тоа не е дека сонуваме за божествено граден милијардер кој се занимава со хуманитарна работа, и за некое чудо сонува за истите работи како и вие.

Недозволиво е да ве види во лошо издание.Уште многу одамна, Мерилин Монро изјави една многу паметна – “Ако мажот не може да се справи со вашето најлошо издание, тогаш дефинитивно не го заслужува она најдоброто”. Холивудската дива беше во право.

Првата ќе ве воодушеви: Ова се три причини вечерва да испробате нежен секс!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »