Љубов за цел живот: Ова се најверните животни – еднаш кога ќе најдат партнер, остануваат со него до смрт (фото) - Македонија Денес

Љубов за цел живот: Ова се најверните животни – еднаш кога ќе најдат партнер, остануваат со него до смрт (фото)

Опомена!!!

Љубов за цел живот. Моногамија во животинскиот свет.

љубов

Тигрици

Овој вид на папагали се ногу друштвени и може да бидат многу тажни ако немаат друштво. Едни се од најверни животни. За да бидат среќни потребен им е партнер во кафезот, а ако се прифатат, никогаш нема да се остават. Смртта на еден партнер за другата тигрица е катастрофална и може долго да пати.

љубов

Дабар

Ова се моногамни животни кои на својот партнер му остануваат верни до смрт. Заедно градат брани, гнезда, создаваат големи тунели и меѓусебно си помагаат за да преживеат. Кога ќе пораснат, младите  ја напуштаат колонијата за да формираат нова. Но доколку им недостасува храна, дабарот ќе остане со семејството додека храната не стане подостапна. Дури и ако се стане самостоен  дабарот не заминува далеку од родители.

љубов

Лебеди

Живеат во двојка. Во змиски месеци се селат на југ. Кога ќе запознаат потенцијален партнер, пловат еден покрај друг и создаваат специфични облици со вратовите. Еднаш кога ќе снесат јајца, женката се грижи за нив, иако и мажјакот знае да ја одмени.

Со својот избраник живеат цел живот, а по смртта на еден партнер никогаш повеќе не бараат друг.

љубов

Волци

Живеат во глутница цво која постои јасна хиерархија. На врвот се алфа мажјак и алфа женка. Верни му се на својот партнер и со него остануваат до крајот на животот.

љубов

Бувови

Тие се многу верни птици и остануваат со еден партнер целиот живот. Заедно работат и се грижат за младите. Бувовите се инаку многу заштитнички настроени па мајките често го губат животот во настојување да ги заштитат своите млади.

љубов

Морско конче

Ова може да биде изненадување за некого,  но машко морско конче ги носи на свет своите млади (да, тие го носат леглото во нивните стомаци). Женката откако јајцата се оплодени, ги префрла во мажјакот, а тоа го прават така што ги спојуваат опавчињата. Но, пред да станат родители, поминуваат значајно количество од своето време пливајќи во океанот споени со муцките. Тие дури ја менуваат бојата за да нивниот партнер знае дека се подготвени за парење.

љубов

Пингвини

Мора да признаеме дека пингвините е вистински романтичари. Кога мажјакот ќе се вљуби во женката, тој пребарува цела плажа со цел да најде совршено камче кое ќе и го подари. И кога конечно ќе го пронајде ќе дојде до женката и ќе го стави под нејзините нозе. Тоа кај пингвините е ден вид на свршувачка. Обично сериски моногамни, двојката се соочува со подигање на своите млади во тешко опкружување. Таткото често се грижи за јајцата, додека мајката се грижи за извор на храна.

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »