Лоши вести за мажите: За 10 години посилниот пол во сексот ќе го заменат роботи, но тоа не е најлошото - Македонија Денес

Лоши вести за мажите: За 10 години посилниот пол во сексот ќе го заменат роботи, но тоа не е најлошото

Опомена!!!

Да, добро прочитавте.

Ако е вистина она што го предвидуваат технолошките експерти, спалната соба е следното место, каде технологијата ќе воведе драстични промени и тоа благодарение на роботите.

Добро прочитавте. Имено, се предвидува дека во идните 10 години, мажите во спална соба ќе ги заменат роботи. Футуристот Иан Парсон тврди дека до 2025 година, сексот помеѓу луѓето и роботите ќе стане вообичаена пракса, што мора да признаеме звучи страшно.

sex_sa_robotom_u_krevetu

Иан ова го открил во извештајот, кој го напишал во соработка со еден британски произведувач на секс играчки и напомнал дека припадниците на посилниот пол и тоа треба да бидат загрижени. Тој понатаму наведува дека до 2030 година виртуелниот секс ќе биде вообичаен исто како и сурфање на порно страните, а до 2035 година ќе имаме и играчки кои се во интеракција со виртуелната реалност.

Ако се прашувате зошто баш до 2025 година, тоа е затоа што Иан предвидува дека тогаш богатите ќе можат да си купуваат секс роботи. Уште пострашно негово предвидување е дека до 2050 година таквиот секс би можел да стане попопуларен од оној помеѓу луѓето. Иако тоа сега ни звучи застрашувачки, Персон тврди дека со текот на времето луѓето ќе се навикнат на таа идеја и дека таа ќе стане нормална како што е сега гледањето порно филмови.

„Кога ќе се унапредат изгледот и чувствата на роботите, ќе се смени и човечкото размислување. Роботите и луѓето со тек на времето ќе станат пријатели со силни емотивни врски“, заклучил Иан.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »