Лимонада од зелен чај: Овој пијалок навистина ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина!(рецепт) - Македонија Денес

Лимонада од зелен чај: Овој пијалок навистина ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина!(рецепт)

Опомена!!!

Можете да го пиете двапати дневно.

Кофеинот го стимулира варењето на храната, а бидејќи чајот содржи помала доза на кофеин, можете да го пиете неколку пати во текот на денот и на тој начин здраво да слабеете.

Ако земеме во предвид дека една чаша зелен чај содржи до 100 милиграми кофеин и 300-400 милиграми полифеноли кои се одговорни за неговиот антиоксидативен ефект, јасно е зошто многу нутриционисти го фалат тоа. Имено, кофеинот го стимулира варењето и, бидејќи чајот содржи помала доза на кофеин од кафето, тоа значи дека можете да пиете чај неколку пати во текот на денот и на тој начин да изгубите тежина. Го намалува лошиот холестерол, го забрзува метаболизмот, го регулира шеќерот во крвта и дава чувство на ситост.

Истовремено, витаминот Ц му помага на телото да ги согори маснотиите, а лимонот е еден од неговите најдобри извори. Една американска студија покажа дека ако внесете соодветна количина на овој витамин, му помагате на телото да согори 30% повеќе маснотии за време на вежбањето.Полифенолите кои ги содржи лимонот помагаат во стимулирање на црниот дроб кој ги топи маснотиите, а освен тоа, тој е полн со пектин – влакна кои даваат чувство на ситост.

На губењето на тежина влијаат и медот и циметот, а кога се користат заедно, тие го забрзуваат метаболизмот и ја намалуваат потребата од храна. Како? Медот има поздрави гликемиски индекс од шеќерот, во организмот влегува постепено, и на тој начин помага да се стабилизира шеќерот во крвта. Слично на тоа, делува циметот, па затоа е препорачливо да го додадете онаму каде што можете: во кафе, чај, десерт, па дури и во супа.

Сега замислете ги овие четири состојки кои се здружени во борбата против килограмите. Секојдневно консумирајте лимонада од зелен чај и гледајте што ќе се случи со вашето тело.

Потребни состојки:
– 2 шолји вода
– кесичка зелен чај
– 2-3 лажички мед
– кора и сок од еден лимон
– едно стапче цимет

Начин на подготовка:
Во тенџере, налејте вода и во неа изрендајте кора од претходно добро измиениот лимон. Додадете и стапче цимет, поклопете и ставете го тенџерето на оган. Оставете да проврие, а потоа во врелата вода ставете ја кесичката зелен чај. По 3-5 минути додадете сок од еден лимон и мед и лесно промешајте.
Вака подготвениот напиток ставете го во фрижидер, а кога целосно ќе се излади, ставете две коцки лед и уживајте во прекрасната лимонада.

Совет Плус: Можете исто така да подготвите поголема количина на чај, кој ќе пиете двапати дневно (по една чаша). Ако немате стапче цимет, во подготвениот пијалак, непосредно пред конзумирањето додадете цимет во прав.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »