Личен развој: Трикот за среќа е исфрлање на овие 4 зборови од речникот! - Македонија Денес

Личен развој: Трикот за среќа е исфрлање на овие 4 зборови од речникот!

Опомена!!!

Исфрлете ги овие 4 зборови од речникот и среќата ќе ви се насмевне!

Доколку понекогаш себе си се сметате за “изгубен случај”, ќе забележите дека негативните работи навистина ќе ви се случуваат, една по друга.

Често се мисли дека има и такви кои се родени под среќна ѕвезда, и оние кои биле во последен ред кога се делела среќата. Сепак, за поразите не секогаш, вината треба да ја префрлувате на недостатокот на среќа.Стручните лица тврдат дека еден од чекорите кон среќата е исфрлување на одредени зборови од сопствениот речник.”Палките и камењата може да ни ги скршат коските, но зборовите понекогаш може да ни го сменат мозокот” вели Белинда Андерсон, инструкторка по духовни вежби на Фиџи и Бали.Некои зборови би требало да ги исфрлиме од речникот, но не затоа што сами по себе се лоши, туку затоа што ги користиме на таков начин што деструктивно влијаат врз нашето ментално здравје и личниот напредок, вели Андерсон.

  1. Би требало/ Морам да…

Колку пати во денот ја повторуваме оваа фраза, само за потоа да се чувствуваме виновни кога нешто нема да го направиме?

„Наместо тоа, треба да практикуваме да велиме: “Планирам да одам на трчање.” Ако тоа денес не го направите, тогаш ќе ви пропадне само тој план, а не она што “би требало” да го направите“, вели Андерсон.

зборови

  1. Никогаш

“Никогаш не велете никогаш“ е стара поговорка на која многу пати се потсетуваме. Но, зборот “никогаш“ е еден од главните “стопери“ во нашиот личен напредок. Никогаш нема да успеам да изгубам толку килограми… Со таков став веројатно и нема, затоа што од самиот почеток, самите себе си сте се осудиле на пораз, појаснува психологот Кејт Каминс.

зборови

  1. Изгубен случај

Ако себе си понекогаш се нарекувате изгубен случај, ќе видите дека негативните нешта навистина ви се редат,  една по друга. Моќта на позитивното размислувања е голема и затоа би требало наместо “Јас не можам“ да си ги поставите себе си нештата на следниот начин: “Јас тоа го можам и го сакам“, вели Каминс. Имајте на ум дека не тежите кон совршенство, затоа што тогаш сигурно ќе се разочарате. Поставувајте си себе си мали цели, а кога ќе ги достигнете, ќе се исполните со самодоверба, доволно за да можете да направите и многу повеќе.

зборови

  1. Имам среќа

За да бидете среќни и задоволни потребно е да вложите и одреден труд. Нема се да ви падне од небо, а ако падне тоа не е засекогаш. Немојте да се потпирате на среќата или несреќата и станете сами кројачи на сопствената судбина. Кога ќе станете свесни дека вие самите влијаете на вашиот живот, а не чекате среќата да ве зграпчи, ќе бидете помалку разочарани и ќе знаете самите да ги држите конците во сопствените раце.

Дневна доза психологија: Жената која има самодоверба и почит кон себе мора да ги донесе овие животни одлуки!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »