Личен развој: Научете ги овие едноставни трикови со помош на кои можете да го поминете секое интервју за работа - Македонија Денес

Личен развој: Научете ги овие едноставни трикови со помош на кои можете да го поминете секое интервју за работа

Опомена!!!

Сите ние понекогаш се соочуваме  со ситуации каде што треба да одговараме на потешки прашања. Па, што би требало да правиме во вакви моменти? Најпрво, треба да се обидеме да не паничиме, а како помош ви предлагаме да ги следите овие неколку совети кои ќе ви помогнат да бидете подготвен за идните моменти.

Ако има прашања што се нејасни, побарајте појаснување

Постојат ситуации кога грешката не е кај вас, туку кај лицето коешто го поставува прашањето. Ако немате идеја од каде да почнете со одговарање, постои шанса дека вашиот соговорник не ги избира правилно зборовите. Затоа, љубезно побарајте повторно да ви биде поставено прашањето.

трикови

Дефинирајте ја реченицата со ваши зборови

Ако во прашањето постојат термини коишто не ви се доволно јасни, подобро е да барате појаснување отколку да ризикувате. Меѓутоа, постојат и ситуации кога со користењето свои зборови и фрази можете да ја свртите ситуацијата во своја корист. На пример, доколку на интервју за работа ви биде побарано да опишете кога последен пат не сте успеале на работното место или сте направиле грешка, наместо она „не успеале“ вие можете да опишете дека единствено не сте спровеле добра рамнотежа помеѓу работата и личниот живот.

Запаметете дека вашиот став понекогаш е исто толку важен како и зборовите коишто ги користите

Ова особено важи кога станува збор за интервју за работа. Многу прашања при интервјуто се со цел да се види колку всушност вие одговарате на работното место. Секако, работодавачот не може да очекува да го знаете одговорот на секое поставено прашање. Но, понекогаш начинот на кој пристапувате кон прашањето и ставот којшто го заземате, може да зборуваат многу за вас. Доколку ви се постави прашање коешто не го знаете, вашиот искрен став може повеќе да го импресионира работодавачот, отколку нервозниот и неодлучен одговор.

трикови

Одговарајте на прашања како професионалец

Понекогаш може да ви бидат поставени несоодветни прашања, како на пример: „Дали сте размислувале да имате деца во блиска иднина?“ Сосема е во ред да ви биде тешко да го знаете одговорот на ова прашање. Имајќи предвид дека ја сакате работата за којашто аплицирате, можете со вашиот одговор да го насочите вниманието кон друга тема. На пример, одговорете дека сега за сега сакате да го користите вашето искуство и да ги подобрувате своите вештини.

Научете се да зборувате со умерен тоа, притоа правејќи мали паузи

Понекогаш само неколку секунди може да ја направат разликата помеѓу прифатливите и неприфатливите одговори. Кога некој ќе ве праша тешко прашање погледнете го во очи и дозволете си себеси кратка пауза за да ги средите вашите мисли. Ако ништо друго, тоа барем ќе направи да изгледате посигурни.

На прашањето одговарајте со прашања

Одговарањето на прашањето со прашање може да отвори нова дискусија, при што понекогаш е возможно да се одвлече вниманието од оригиналното прашање. Ова е одличен начин да се справите со потешките одговори. Вреди да испробате.

трикови

Изменете го фокусот на оној којшто ви поставува прашања

Ако чувствувате дека вашиот одговор не е онаков каков што би сакале другите да слушнат, вие можете да ставите крај на одговорот со одредена изјава којашто ќе го охрабри соговорникот да ви постави дополнителни прашања на коишто би можеле да одговорите полесно. На пример, доколку на интервју за работа ве прашаат зошто сте ја напуштиле претходната работа, вие можете да го завршите вашиот одговор така што ќе кажете дека сте слушнале многу добри предвидувања за иднината на оваа компанија, па затоа сте сакале да се префрлите во попрестижна организација.

Како и да е, без оглед на прашањето, настојувајте секогаш да завршувате со позитивна изјава. Останете насмеани и надевајте се на победа. Како и сè друго во животот, одговарањето тешки прашања е вештина којашто треба да се извежба.

Пет емоции кои ги немаат успешните претприемачи

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »