Лепа Брена: Свадбата на векот се уште е најгледано видео и во 21 век (видео) - Македонија Денес

Лепа Брена: Свадбата на векот се уште е најгледано видео и во 21 век (видео)

Опомена!!!

Во декември минатата година Лепа Брена и Боба Живоиновиќ прославија сребрена свадба, односно 25 години јубилеј,  но се уште се зборува за денот кога тие стапија во брак.

На седми декември, 1991 година во салата на хотелот „Интерконтинтал“, Боба и Брена го кажаа судбоносното „да“ пред околу 600 гости, а свадбата на векот беше пренесувана во живо на телевизија. И по 26 години медиумската прашина се уште не слегнува.  Свадбата беше толку популарна што можеше да се најде и видео касета во продажба насловена како „Во име на љубовта“. Во видеотеките редовно беше најбарана касета и се чекаше со денови да се дојде до термин да се изнајми.

Лепа Брена носеше венчаница од Кристијан Диор, а се служеше кавијар и шампањ. Пејачката во една своја изјава тврди дека само во првиот половина час се испиле над 300 литри вино.

Интересен податок е дека бидермаерот на свадбата го фати колешката на Лепа Брена- Драгана Мирковиќ, а гостите ги забавуваше Ванеса Шокчиќ.

Погледнете како изгледаше свадбата на векот на Лепа Брена:

Малку кекс – многу секс:Лепа Брена открила како Боба влијае на нејзиниот физички изглед!(галерија)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »