Куќа готова за 24 часа чини 10000 долари: ќе ве воодушеви нејзината внатрешност (видео) - Македонија Денес

Куќа готова за 24 часа чини 10000 долари: ќе ве воодушеви нејзината внатрешност (видео)

Опомена!!!

Иновација во градењето која дава се повеќе надеж дека куќите ќе бидат се поевтини и се побрзо ќе се градат е 3Д печатењето.Американската фирма Апис Кор со седиште во Сан Франциско успеала со помош на оваа техника да изгради куќа са само 24 часа.

куќа
Зафатот е изведен во градот Ступино во московскиот регион, во соработка со компанијата ПИК. Куќата е изградена на експериментално подрачје, на земјиште кои и припаѓа на фабриката на аерисан бетон.

Мобилен 3Д печатар и автоматската мешалка успеале да направат самоносечки ѕидови како помали преградни парапети за еден ден, а вкупната површина и е 38 квадрати.

куќа
Дизајнот е невообичаен но наменски одбран, токму за да се демонстрира флексибилноста на опремата и разновидноста на изводливите облици. Куќата инаку може да биде во кој било облик, па така и оној вообичаениот – четириаголниот.
Внатрешноста е комотна – мало претсобје, дневна соба и компактна функционална кујан со модерни уреди. Трошок на изградбата изнесувал 10134 долари, а тоа вклучува материјал и работа на темелите, кровот и завршните внатрешни работи и фасада.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »