Крај за родителските грижи:Оваа апликација открива зошто плаче бебето!(видео) - Македонија Денес

Крај за родителските грижи:Оваа апликација открива зошто плаче бебето!(видео)

Опомена!!!

Апликацијата  чиј творец е неуропсихолог им помага на родителите да откријат поради што плаче нивното бебе.

Неуропсихологот од Калифорнија Аријана Андерсон, и самата мајка на четири деца, осмислила апликација за мобилен телефон која го толкува плачот.

-Кога го добив третото дете, сфатив дека нејзиното плачење е слично на плачот на претходните две деца и можев да препознам што и е потребно врз основа на тоа како звучи нејзиното плачење“, вели оваа докторка.

Употребата на апликацијата Chatter Baby е едноставна – телефонот го држите блиску до бебето за да го „слушне“ плачот на вашето дете и да понуди решение. За сега програмот нуди само три причини – глад, нервоза и болка, но програмерите наведуваат дека крајната цел е апликацијата да научи да препознава повеќе емоции.

Апликацијата е доста корисна за луѓето со оштетен слух. Андерсон тврди дека структурата на плачот сее разликува од земја до земја. Следниот чкор е да се направи доволно голема база на податоци за плачењето и звуци кои ги прават бебињата, за да родителите ширум светот да можат да ја користат.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »