Кожна сукња: Модерно парче кое ќе го носите на многу начини!(галерија) - Македонија Денес

Кожна сукња: Модерно парче кое ќе го носите на многу начини!(галерија)

Опомена!!!

Со години во мода и со задоволство ги носиме јакните и панталоните од вистинска или вештачка кожа, а оваа година планираме да вклучиме уште еден модел од овој материјал во својот плакар.

Оваа есенска кожна сукња или здолниште го најде своето место како преодно парче но и она кое одговара со соодветни обувки и некој голем џемпер, така што ќе можете да го носите и во текот на зимата.

Класичното парче е секогаш модерно, може да биде миди или мини должина, мат или со сјајен ефект. Исто така на себе може да има и некоја извезена или порабена апликација, бисерчиња или светки.

За повеќе секојдневен изглед, носете рамни чевли, бела маица, тесни и широки џемпери, а посебно добро изгледа во комбинација со голем џемпер со крупни ткаења во пастелни бои.

Во одредена комбинација, можете да го носите ова здолниште и на работа. Со едноставна кошула, или џемперче.

Погледнете некои инспиративни фотографии, и оваа есен во вашата гардероба вклучете едно вакво парче, кое ќе можете да го носите на многу начини:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »