Косата мијте ја наутро! - Македонија Денес

Косата мијте ја наутро!

Опомена!!!

Фризерите тврдат дека косата после миењето е најчувствителна, па кога навечер ја “триеме” на перницата, лесно се мрси а врвовите пукаат.

Колку пати ви се случило косата да ја измиете навечер, а наутро кога ќе станете да имате впечаток дека веќе е мрсна? Не сте осамени во ова и не очајувајте. Експертите советуваат дека подобро е косата да се мие наутро или во текот на денот, а еве зошто.

Фризерите Џејми Бакел и Кристин Нерот објаснуваат дека ако ја измиете косата и ја исушите навачер, а потоа легнете да спиете, наутро ќе изгледа како да е малку мрсна.

– Тоа е затоа што кога свежо исушена коса навечер ќе ја “притиснете” на перница, буквално ја срамнувате со земја – велат експертите. – Така срамнета со земја ќе изгуби на волумен и секако дека ќе изгледа како да е мрсна. Но, полошо од ова е тоа што на овој начин може долгорочно да ја оштетите.

Фризерите тврдат дека косата после миењето е најчувствителна, па кога навечер ја “триеме” на перницата, лесно се мрси а врвовите пукаат.

Затоа тие советуваат дека ако не можете да се откажете од миење во вечерните часови, користете поблаг шампон и регенератор. После тоа, нежно исчешлајте ја и нанесете производ за волумен.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »