Колку пати треба да се туширате во текот на денот? - Македонија Денес

Колку пати треба да се туширате во текот на денот?

Опомена!!!

Експертите велат дека ако се туширате повеќе од еднаш дневно на тој начин ги отстранувате сите природни масла од кожата и ја изложувате на дехидрација, што ја прави постара и помалку убава. Некои се уште построги, па тврдат дека не е добро да се туширате секој ден.

Ако се туширате најмалку двапати на ден, знајте дека себе си повеќе си наштетувате отколку што си помагате. Експертите велат дека ако се туширате повеќе од еднаш дневно на тој начин ги отстранувате сите природни масла од кожата и ја изложувате на дехидрација, што ја прави постара и помалку убава. Некои се уште построги, па тврдат дека не е добро да се туширате секој ден, но може да се направи компромис така што времето под туш може да се скрати.

Списокот на предлози го вклучува и следново:

* Кажете стоп на врелата вода
Од една страна, топлата вода е убава, опушта, но од друга – ја суши кожата и повторно ги отстранува природните масла. Најдобро е да се туширате со млака вода, која на крајот од третманот би била речиси студена.

* Избегнувајте парфимирани препарати
Миризливите купки често се полни со конзерванси и сулфати, кои не само што ја сушат кожата, туку и ја иритираат , ја оштетуваат и предизвикуваат мозолчиња или црвени дамки. Се препорачуваат нежни сапуни и производи базирани на масло.

* Не претерувајте со пилинзите
Ексфолирањето помага да се отстранат мртвите клетки од кожата, што ја прави мека. Но, треба да се биде внимателен, затоа што ако го повторувате третманот повеќе од два пати неделно, ќе ја оштетите кожата и ќе ја направите да биде склона кон формирање на пликови.

Обрнете внимание: Овој дел од телото обично го прескокнуваат при туширање, а има најмногу бактерии!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »