Колку пари троши Кејт Мидлтон на облека? (галерија) - Македонија Денес

Колку пари троши Кејт Мидлтон на облека? (галерија)

Опомена!!!

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон деновиве во Daily Mail  е прогласена за кралица на „исплатлива гардероба“ поради тоа што скапо платената гардероба, за разлика од другите ѕвезди, ја носи повеќе пати и така извлекува максимална вредност.

Иако некои од нејзините фустани и други модни парчиња чинат нешто повеќе од просечните цени, фактот дека ги носи повеќе пати го оправдува тоа.

Британците тоа го пресметале водејќи се според логиката дека поодбро е да се купи капут од 500 фунти и да се облече 100 пати, што се брои како 5 фунти по носење, отколку да се купи јакна од 30 фунти и а се облече неколку пати и потоа да заврши во ѓубре.

Кејт Мидлтон

Кејт особено се истакнала носејќи облека за бремени жени која ја облекувала и во текот на претходните две бремености, а британските медиуми пресметале дека тој аутфит чинел 16.25 фунти по едно носење.

Сепак, изгледа дека Британците помалку се тешат со овие анализи. Примерите кои ги навеле се вистинити и тука нема дилема, но обидете да се впишете во google пребарувач фотографии на Кејт Мидлтон па ќе видите дека исклучително е тешко да ја забележите војвотката во иста модна комбинација на две различни појавувања пред камерите.

фото:google

Кејт Мидлтон го носи најубавиот фустан на светот (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »