Колку Ким Џонг Ун троши само на алкохол? - Македонија Денес

Колку Ким Џонг Ун троши само на алкохол?

Опомена!!!

Здравјето на претседателот на Северна Кореа Ким Џонг Ун нагло се влошило по долгорочното конзумирање на големи  количини алкохол и мрсна храна.

Откриено е дека „големиот лидер“ воопшто не води сметка за тоа колку јаде и пие и дека така се однесува уште од тинејџерските денови.

Неофицијално, откриено е дека Ким годишно троши повеќе од 30 милиони долари купувајќи само алкохол, а секако неговиот омилен пијалак се најскапото виски и шампањ, со кои понекогаш ги чести најлојалните соработници.

Ким Џонг Ун

Ким ужива и во француски цигари, се додава, а цената на една кутија е 44 долари.

Исто така, ги обожува сите видови на месо, а најмногу ужива во специјалитет наречен „кобе“ и различни видови на мрсно сирење. Јаде и големи количества суши.

Ким Џонг Ун

Медиумите известуваат дека поради големата дебелина Ким наводно има бројни здравствени проблеми, како што се високиот крвен притисок и дијабетес.

Тајните на личната касичка прасичка на Ким Џонг Ун: Од каде и се приходите на Северна Кореја за сиот тој луксуз?

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »