Количка која ќе им го смени животот на луѓето со инвалидитет: Може самата да се качува по скали (видео) - Македонија Денес

Количка која ќе им го смени животот на луѓето со инвалидитет: Може самата да се качува по скали (видео)

Опомена!!!
Инвалидската количка Scewo  е посебна затоа што самата може да се качува по скали.

Scewo има три компоненти кои овозможуваат качување – гасеници кои создаваат рампа за придвижување, две големи тркала кои сето тоа го контролираат, како и две мали тркала на позадина кои овозможуваат рамнење кога количката ќе стигне до врвот.

Процесот во целост е автоматски се одвива со притисок на едно копче.

Количката може да се движи дури и по снег, а Scewo нуди можност за кревање на седиштето до нивото на очите на просечен човек.

Оваа феноменална количка ја направиле студенти од Швајцарија, кои сега се надеваат дека ќе успеат да ја пласираат на пазарот по пристапна цена.

Погледнете го видеото:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »