Која е минималната и максималната сума која бизнис ангел може да ја инвестираат во една компанија? - Македонија Денес

Која е минималната и максималната сума која бизнис ангел може да ја инвестираат во една компанија?

Опомена!!!

Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели

Информативен водич – Дел 5

Која е годишната граница на нето вредност / приходи која еден бизнис ангел би требало да ја има (мин -мах)?

За секоја земја посебено се пресметува нето вредноста и приходите кои еден бизнис ангел би требало да ги има за да може да инвестира. Пресметките вообичаено ги земаат предвид бројот на жители, бруто домашниот производ по глава на жител и просечните примања во земјата. Во Турција, за да еден инвеститор стане бизнис ангел потребно е да има нето годишни примања од над 60.000 евра и нето вредност од над 300.000 евра.

Која е минималната и максималната сума која бизнис ангел може да ја инвестираат во една компанија?

Бизнис ангел инвестициите вообичаено се движат од 25.000 – 250.000 евра, во зависност од потенцијалот на идејата која ја поткрепуваат. Но во одредени случаи сумата знае да достигне и до половина милион евра. Што се однесува до максималната граница, некои држави ја регулираат максималната инвестиција која може да ја направи еден бизнис ангел со цел да ги охрабрат ангелите да инвестираат во повеќе фирми додека во други држави и нема максимална граница.

Колку бизнис ангели имаме во нашата земја, балканот и ЕУ?

Во Македонија моментално има од прилика стотина бизнис ангели, кои за жал сеуште не се акредитирани, со оглед на тоа дека законот за бизнис ангели во Македонија е се уште во изработка. Кога сме кај балканот, моментално има од прилика неколку стотини бизнис ангели, додека во ЕУ податоците велат дека севкупно има околу 75.000 официјално регистрирани и акредитирани бизнис ангели, но во мрежите во ЕУ има 261.000 членови.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »