Кои миленици го намалуваат стресот? - Македонија Денес

Кои миленици го намалуваат стресот?

Опомена!!!

Домашните миленичиња освен расположението го подобруваат и здравјето на многу различни начини.

Вдомувањето и грижата околу мачките во значителна мера го намалува стресот и анксиозноста, што придонесува севкупно за подобра здравствена состојба, тврдат психијатрите.

Резултатите од истражувањето уште покажале дека и да не чувате маче, а да се дружите со личност која чува маче и притоа имате можснот да си играте и мазите со него, ќе имате подобро здравје и посилно срце.

Експертите уште забележале дека љубителите на животни генерално се повеќе среќни и поопуштени, што придонесува за подобрување на здравствената состојба и за карактерот на сопственикот.

Научниците од Универзитетот во Минесота ја надополнуваат оваа слика, тврдејќи дека лицата кои го делат својот животен простор со една или со повеќе мачки, имаат за 40 отсто помалку срцеви проблеми, а особено инфаркт.

Истражувањето е направено на повеќе од 4.500 возрасни луѓе и тоа помеѓу 30 и 75 години, а нивното здравје е следено цели две децении.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »