Кога се поврзувате на јавно Wi-Fi - Златните правила кои не смеете да ги заборавите за да не ви ги украдат податоците - Македонија Денес

Кога се поврзувате на јавно Wi-Fi – Златните правила кои не смеете да ги заборавите за да не ви ги украдат податоците

Опомена!!!

Бесплатниот Wi-Fi пристап на интернетот на бројни локации е феноменална работа, но корисниците мораат да бидат свесни дека со тоа доаѓаат и бројни безбедносни ризици.

Ова се основните совети според кои би требало да се однесувате за да бидете сигурни за време на пристап на интернетот преку отворена Wi – Fi мрежа.

Wi-Fi

1.Не користете интернет банкарство и не впишувајте никакви податоци од банковните картички додека сте на отворена Wi – Fi мрежа. Доколку веќе сакате да купувате онлајн подобро потрошете малку мобилен интернет затоа што тоа е и тоа како посигурно решение.

2.Штом ќе завршите со користење исклучете го Wi – Fi. Со исклучувањето на пристапот на Wi – Fi корисникот ќе обезбеди помало трошење на батеријата, а ќе спречи и телефонот да се конектира на потенцијално отворена и лажна мрежа, како и напорните реклами и мејлови.

3.Користете VPN ( (Virtual Private Network). На овој начин ќе ја обезбедите анонимноста онлајн, а самите интернет портали ќе го видат IP на вашиот VPN, а не вашиот вистински IP.Она што е неминовно во тоа е дека квалитетен VPN  мрежи е потребно да се платат, но се уште постојат бесплатни и ограничени решенија.

Wi-Fi

4.Не чувајте на телефонот отворени Wi – Fi мрежи. Измамниците денес можат да креираат пристапни точки и да чекаат уредите да се спојат на нив за да ги повлечат сите лични податоци и многу повеќе од тоа.

5.Обрнете внимание на името на Wi – Fi мрежата. Спомнатите измамници денес користат слични називи како „официјалните“Wi – Fi мрежи. Така во кафуле Morton’s даваат  “Mortons_Free”, а измамниците можат да направат мрежа “Morton_FreeWiFi”.Секогаш треба да се провери која мрежа е официјална.

6.Користете антивирус. Доколку веќе пристапувате на отворени Wi – Fi мрежи, не би било лошо да користите квалитетен антивирус и редовно да го ажурирате.

Wi-Fi

7.Одбирајте мрежи кои бараат барем едно ниво на аутентификација. За да бидете потполно сигурни, одберете hotspot места кои ќе ви испратат аутентификациски код на телефонот.

8.Не оставајте лозинка без енкрипција на апаратот. Доколку криминалците дојдат до тие податоци, се околу вас им е отворена книга Искористете некаков дополнителен софтвер за енкприција на лозинките.

9.Обрнете внимание дали сурфате на сигурни врски. Сајтовите кои во својата адреса го имаат делот https:// (пример: https://makedonijadenes.com.mk/) се посигурни од бројни други.

Сигурноста е најважна!
Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »