Кога се под стрес, мажите имаат поразлична перцепција при изборот на жена?! - Македонија Денес

Кога се под стрес, мажите имаат поразлична перцепција при изборот на жена?!

Опомена!!!

Кога мажите се изложени на стрес, тие многу почесто се определуваат за покрупни дами со изразени атрибути, така покажало истражувањето на Факулетот за психологија во Њукасл.

За да оценат кој тип на жена во одредени ситуации ги привлекуваат мажите, истражувачите ги поделиле во две групи.

Едната група била во ситуација како да води важен разговор пред голем аудиториум, а потоа морала на брзина да го подели бројот 1.022 со 13. После ова сите испитаници бирале фотографии на дами кои им се допаѓаат.

Се воспоставило дека сите мажи кои биле под стрес бирале фотографии од покрупни дами. Научно гледано, оваа одлука се поврзува со “преживување” и еволуцијата која така ги програмирала.

Стандардите на убавина и атрактивност не се менуваат само со приспособувањето на времето, туку и во зависност од конкретната ситуација. Во кризните моменти посилниот пол се повеќе се насочува кон покрупните дами, поради полесен опстанок и продолжување на видот – истакнува професорот др Мартин Тови, член на истражувачкиот тим.

Според него добиените податоци генерално се важни за подобро разбирање на поимот привлечност, посебно во врска со анорексијата и други болести кои влијаат на промената на перцепцијата на телото и телесното привлекување.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »