Кога ќе ви кажат "немам време" - потсетете ги на ова ! - Македонија Денес

Кога ќе ви кажат “немам време” – потсетете ги на ова !

Опомена!!!

Често многу луѓе во ова брзо, динамично време, секој со своите обврски и проблеми ќе го чуете да ви каже “немам време”.

Сигурно и многу ваши пријатели сте ги слушнале да кажат немам време за себе, за хоби, за спорт, пријатели, одмор, а за театар или изложба оддамна не слушнале. Ова е голем проблем за многу луѓе.
Потонувајќи во градењето кариера и образование, луѓето немаат време за подеднакво важни работи како здрав живот, движење, спорт, излегувања со пријателите и др. И често се правдаме со недостаток на време кое навистина е очигледно. Но не е секогаш така.

Ако погледнете малку околу вас, ќе забележите дека имате пријатели кои вежбаат, кои читаат, кои се во првите редови на концерт, во театар, имаат широк круг на пријатели, образование, кариера итн…

Вистината сепак е дека со соодветна организација може да се оддели време и за овие работи. Ако ова ви е тешко, погледнете на нив како на исто толку важен дел од вашиот живот, како што се работата или учењето. Што ако сте добри во својата работа ако сте осамени, без време за пријателите, водите нездрав живот и не си ја сакате фигурата, постојано сте изморени и ненаспани?

За да живее подобро човекот има потреба и од време за себе, во кое може да се грижи за својот изглед, умствен одмор и контакт со блиските.

Можете да го искористите организерот и за овој тип активности, запишувајте ги во истиот план каде што се работните обврски. Среќно !

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »