Кинезите уриваат рекорди: Отворен најдолгиот мост преку море на светот (видео) - Македонија Денес

Кинезите уриваат рекорди: Отворен најдолгиот мост преку море на светот (видео)

Опомена!!!

Претседателот на Кина Си Џинпинг официјално го отвори 55 километри долгиот мост, кој го поврзува  Хонгконг со Макао, како и градот Џухај, на копното на провинцијата Гуангдонг.

Изградбата траела девет години, а трошоците изнесувале околу 20 милијарди долари.

Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето, со што на бродовите им се овозможува непречен премин низ делтата на Бисерната река (Дуџан), срцето на кинескиот производен сектор.

Ројтерс наведува дека со отворањето на овој мост, кој има големо економско и политичко значење, времето на патувањето преку делтата на Бисерната река од неколку часа ќе се сведе на само 30  минути.

Овој  мост претставува физичка врска со Хонгконг, финансиски центар на Азија, врз кој Кина од Британија ја презема контролата во 1997 година со гаранции дека тој полуавтономен регион ќе го задржи својот правен и економски систем во следните 50 години.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »