Капсула која ќе ги замени инекциите?(видео) - Македонија Денес

Капсула која ќе ги замени инекциите?(видео)

Опомена!!!

Во медицината, математиката и логиката не се секогаш сродни и не секогаш резултираат со идентичен пропорционално помал или поголем ефект. Затоа и истражувањата се пообемни пред да се лансира новитет и иновација.

Новата иновација е капсула која во целост ќе ги замени инекциите. Научно е докажано дека над 15% од пациентите имаат хроничен страв од игли а над 55% се убедени дека при ставањето инекција ќе претрпат болка. За оваа цела иноваторите во консултации со огромен тим лекари ја претставија демо верзијата за капсула која во целост ја заменува и функцијата и делотворноста на инекциите.

“Многу наши пациенти често и ги купуваа препишаните медикаменти, но или не сакаат да примаат инекции или по првиот симптом на подобрување на состојбата ја прекинуваа терапијата со што состојбата не се лекуваше туку се пролонгираше. И во сите ситуации одговорот беше дека се работи за страв од инекции. Оваа иновација е нешто сосема ново и револуционерно. Во основа се биоразградливи капсули чиј тајминг на разградување и делување е стриктно определен. Затоа и иноваторите користеа помош и совети од огромен тим на лекари и фармацевти.

Новата капсула се пие со вода. Како обична капсула. Впрочем и нема физичка видлива разлика. Суштинската е што откако ќе го помине желудникот, капсулата се активира, но наместо топењето на “филмот” се топи прво делот во кој се наоѓа инекцијата. Но без страв, се работи за микроскопски иглици кои се забодуваат во цревните канали. Потоа се топи и вториот дел од капсулата со што нејзината улога како и улогата на филм обложените капсули се разградува. Иглиците во суштина се дозата на лекот кој треба да биде инјектиран по пат на инекција но овој пат по забодувањето на иглиците во цревните канали истите започнуваат процес на брзо растопување и со тоа се постигнува ефектот исто како пациентот да примил инекција.”

Пациентите се воодушевени. Иако секако се скептични дали болката сега нема да биде поголема, но по направените вркстени испитувања со обични капсули и капсули кои содржат инекции во себе откриено е дека пациентите кои испиле обична капсула почувствувале поголема болка од пациентите кои испиле капсула – инекција од која не почуствувале ништо. Впрочен се е до менталниот склоп на пациентот. Само ова не е онаа игра на хипохондрици туку на вистинско лекување на реално заболување. Етнички е лекарот да ви каже дека капсулата во основа е инекција но ако фобијата на пациентот е голема тогаш тој податок може слободно да го изостави затоа што формата на кој се прима лекот и не секогаш битна.

Оваа иновација е практична од повеќе аспекти. Особено при користење на непристапни места и реализирање на спасувачки мисии или експедиции кога ставањето инекции често не е во бараните стерилни услови а и истите од несигурност оставаат мали ранички кои може да се инфицираат. Вака вашите инекции едноставно ги пиете и оставате на комплексниот иновативен систем сам да си делува.

HomeBiogas 2.0 или како до 100% еколошки биогас(видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »