Камбек по 8 години: Стефан порачува дека е време за нешто ново, модерно и урбано (видео) - Македонија Денес

Камбек по 8 години: Стефан порачува дека е време за нешто ново, модерно и урбано (видео)

Опомена!!!

После пауза од осум години, пејачот Стефан Величковски и се враќа на македонската музичка сцена со прва кавер-верзија на песната „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ, а со неа ја најавува и својата нова студиска песна која јавноста ќе има можност да ја слушне на есен.

– Одлучив да направам пауза од фестивалите и да се посветам на приватните обврски и живите настапи ширум нашата земја. Во меѓувреме дипломирав на Факултетот за музичка уметност во Скопје при отсек Музичка теорија и педагогија. Сега е време за нешто ново, модерно и урбано, па се надевам дека и оваа кавер-верзија, но и новите студиски песни кои ги работиме со мојот тим ќе го најдат својот пат до публиката, вели Стефан.

Стефан Величковски својата прва песна „Не постои љубов“ ја отпеа во 2007 година на летниот фестивал „Охридски трубадури“, а истата година како дебитант настапи и на реномираниот фестивал „Макфест“ овој пат со песната насловена како „Зошто боли кога одиш“. Година подоцна, во 2008 година повторно настапи на „Охрид Фест“ со темата „Јас и ти“ и на „Макфест“ со „Немам среќа без тебе среќо“, но овој пат како натпреварувач во категоријата ѕвезди.Во 2010 година, Величковски прави промена на авторскиот тим со кој работи, па својата доверба за нови музички дела им ја препушта на Лазар и Магдалена Цветкоски. Со нив ги објавува двата синглови „Искрен пред себе“ и „Зачувај место за мене“.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »