Како повторно да се заљубите? - Македонија Денес

Како повторно да се заљубите?

Опомена!!!

Мозокот и тоа како влијае на срцето – ова го покажува една студија на Универзитетот во Мисури и Универзитетот Еразмус во Ротердам, чиј заклучок е дека можеме да влијаеме на тоа колку некого ќе го сакаме.

Истражувачите дошле до овој заклучок врз основа на испитувања на мал број на луѓе, само 40, од кои 20 биле во долгорочни врски, а другата половина само што ги прекинале врските. Учесниците пред се зборувале за тоа колку биле поврзани за партнерот, потоа биле замолени да погледнат фотографија од партнерот и позитивно да размислуваат за него, по што повторно им била измерена мозочната активност, и третиот пат им било кажано да се присетат на негативните работи.

Резултатите се следни: кога мислеле позитивно, тогаш имало многу поголема поврзаност со партнерот што го потврдувале и мозочните бранови.

Поради тоа стручните лица предлагаат да се фокусираме на работи кои ги сакаме кај партнерот, да не се нервираме за ситници, како што чорапите оставени на под или неисфрленото ѓубре. Да се прегрнеме кога ќе тргнеме на работа и навечер кога ќе се вратиме. Да се смешкаме, затоа што со тоа ќе ослободиме допамин, кој што е заслужен за задоволство, а и партнерот тогаш ќе ни возврати со насмевка.

Да водиме љубов затоа што тоа не поврзува. Заедно да експериментираме со нови нешта и да се интересираме за партнерот како што тоа е обично на почетокот на врската, за неговите цели, сништа и желби.

Учете од најдобрите: Мали трикови на големите заводнички кои секогаш делуваат!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »