Како да носите килоти-панталони оваа зима(галерија) - Македонија Денес

Како да носите килоти-панталони оваа зима(галерија)

Опомена!!!

Попогодни панталони за зимската сезона од килотите тешко дека ќе најдете.

Дури и за време на ладна зима, невозможно е да се остане рамнодушен кон овие панталони. И сето ова, затоа што се универзална работа, која лесно се комбинира со речиси сите парчиња од гардеробата.

Кога станува збор за килоти за зима, модните куќи сугерираат модели од волна, трикотажа, кожа или фин твид. Моделите од црна густа волна може да се носат во попладневните часови во канцеларијата во комбинација со класична бела кошула и сив блејзер.

Кадифените или плишаните верзии се идеални за вечерни и свечени настани. Тие се толку универзални што можат да се комбинираат со тенки свилени блузи, современи дуксери, ролки или груби џемпери во духот на морнарот.

Ви предлагаме да ги комбинирате овие зимски килоти со високи чизми и кратки јакни. Можете исто така да одберете килоти и за новогодишните забави. Комбинирајте црни килоти со металик чизми и без сомнение ќе бидете во центарот на вниманието.

Ние за вас одбравме неколку инспиративни комбинации со килоти.

Црвена и розова е хит комбинација за зима(галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »