Како да носите чорапи со сандали?(галерија) - Македонија Денес

Како да носите чорапи со сандали?(галерија)

Опомена!!!

Ова е дефинитивно еден од “најтешките” трендови за пролетната сезона.

Сепак, дизајнерите го промовираа овој тренд во текот на изминатите неколку години и веруваат дека чорапите се неопходни за креирање на модерен стајлинг.

Дали вие оваа пролет ќе носите чорапи во комбинација со високи потпетици или сандали?

Чорапите во дует со високи потпетици не поврзуваат со деновите од детството, кога ние како мали девојчиња носевме чевли на нашите мајки.

Светските дизајнери се обидуваат да не убедат дека овој тренд е релевантен за неколку сезони.

Трендсетерките на улиците на светските модни метрополи смело носат памучни чорапи во комбинација со високи потпетици. Имаме впечаток дека чорапите стануваат се поважен моден додаток, а фотографиите од street style хрониките се доказ дека чорапите стануваат важен дел од аутфит трендовите.

Во нашата фото галерија ние ви нудиме неколку примери за тоа како можете да ги комбинирате чорапите со сандали оваа пролет. Комбинациите од street style ѕвездите може да ве инспирираат да ги комбинирате најразновидните видови чорапи со модерни сандали и чевли.

Бледо розовите панталони се “must have ” и оваа пролет(галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »