Како да го исчистите телефонот од сите можни бактерии и нечистотии (рецепт) - Македонија Денес

Како да го исчистите телефонот од сите можни бактерии и нечистотии (рецепт)

Опомена!!!

Секојдневно го допирате телефонот со вашите валкани раце, па е сосема логично на него да се наоѓаат голем број бактерии. Покрај тоа, на телефонот се наоѓаат и вируси кои предизвикуваат здравствени проблеми. Меѓутоа, доколку со ова средство го исчистите вашиот апарат, можете да бидете сигурни дека сте се ослободиле од сите бактерии и вируси.

Еве што ви е потребно да направите средство за чистење на мобилниот телефон:

-Дестилирана вода

-Изопропилен алкохол (70%)

-Шише со распрскувач

-Крпче за чистење на очила

телефонот

Постапка: Наполнете го шишето до половина со вода и додадете уште толку алкохол. Шишето со распрскувачот затворете го и протресете го по што течноста е подготвена за употреба. Крпчето попрскајте го со малку течност, но од далеку, за да крпчето не биде мокро туку влажно. Избришете го телефонот и од предната и од задната страна.

телефонот

Совети:

-Изопропилен алкохол можете да го купите во аптека

-За чистење на мобилниот телефон никако немојте да користите чист алкохол затоа што тој е преагресивен и може да го оштети екранот и пластичниот дел од куќиштето на мобилниот

-Течноста не смеете да ја прскате директно на мобилниот зошто и најмоло количество на влага може да ги оштети микрофонот, звучникот и батеријата.

-Шишето и крпчето можете да ги носите во чанта и да ги користите кога и да посакате.

-Мобилниот телефон со оваа течност исчистете го барем еднаш неделно.

Полека и без паника:Еве како да го спасите мобилниот телефон ако падне во вода (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »