Како да ги смирите децата на јавно место?! - Македонија Денес

Како да ги смирите децата на јавно место?!

Опомена!!!

Колку пати сте виделе дете на јавно место кое залипува од плачење, а неговите родители не реагираат и продолжуваат да разговараат со пријателите, пијат кафе или телефонираат. Стручните лица велат дека за почеток, тоа е многу некултурно, а притоа и лош гест во воспитувањето.


Не само што ги иритираат луѓето во околината, ги нервира и гостите во кафулето или на било кое друго место, туку и покажува дека мама и тато не се многу заинтересирани за своето дете.

Психолозите советуваат наместо да го игнорирате плачењето и врескањето, потребно е прво детето да го прашате дали нешто го боли, дали е гладно, жедно…

Ако проблемот е во тоа што не му е исполнета некоја желба, тогаш родителите би требало да му објаснат на детето дека не е убаво да вреска на јавно место, додека сите го гледаат. Доколку солзите и понатака течат, и тоа без причина, културно е да го тргнете на страна, па сериозно да разговарате со детето без публика и да му дадете до знаење дека таквото непристојно однесување нема да го толерирате.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »