Како да бидете згодни, здрави и среќни? - Македонија Денес

Како да бидете згодни, здрави и среќни?

Опомена!!!

Многу девојки кога сакаат да намалат дел од тежината, прво престануваат да конзумираат леб, јагленихидрати, алкохол, слатки и месо. Најважното нешто што треба да се знае и да се примени е да се биде умерен во се, и да не се откажувате од своите задоволства.

Втор проблем кој го прават девојките многу често е кога држат диета, тие се воздржуваат од храна во текот на целата недела, како би можеле себе си да си овозможат барем еден ден во неделата да уживаат во чоколада или слични задоволства.

Телото цела недела копнее за одредена храна, што може да доведе до незадоволство кај самата личност па дури и депресивно расположение. Значи овој начин на исхрана не само што може да го спречи слабеењето, туку со време може да доведе и до зголемување на килограмите.

Здравата исхрана никогаш не е црно или бело. Најидеално решение е да се придржувате на рецептот 80/20.

Тоа значи 80 проценти од времето да јадете здрава храна, а 20 проценти е резервирано за оние намирници кои вас ве прават среќни. Тоа е правиот начин да му дадете слобода на своето тело, да уживате во храната и да имате совршена фигура.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »