Како ангелите на Викторија Сикрет го бришат целулитот за секунда? Трик кој многу ќе ви помогне ова лето! - Македонија Денес

Како ангелите на Викторија Сикрет го бришат целулитот за секунда? Трик кој многу ќе ви помогне ова лето!

Опомена!!!

Кога рекламирате долна облека и во неа се шетате по писта се очекува да немате грам целулит. Затоа, ангелите на Викторија имаат неверојатен трик со кој тоа брзо го средуваат.

Доколку сакате целулитот да исчезне од вашето тело за момент, постои супер трик. Се разбира дека не е траен, но е многу ефективен, ако ви треба за посебен момент.

Се што ви треба за овој трик се сјаен лосион за тело и малку светки. Треба да ги нанесете на бутовите а повеќе на предната страна. На овој начин, визуелно ќе го избришете целулитот, бидејќи светлината ќе се прекрши така што ќе го привлече вниманието на предниот дел на бутот.

На овој начин се намалува видливоста и останатите неправилности и дупки на нозете. Се разбира, овој трик може да ви помогне на кратко и е идеален за фотографирање.

Ако сакате целовечерно решение можете да посегнете по мрежести хулахопки со боја на кожа, кои држат се на место а ги носат речиси сите ѕвезди на своите концерти, како Бијонсе на пример.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »