Јана Бурческа ја заврши евровизиската турнеја во Амстердам, новинарите чекаа во редици за интервју( Галерија и видео) - Македонија Денес

Јана Бурческа ја заврши евровизиската турнеја во Амстердам, новинарите чекаа во редици за интервју( Галерија и видео)

Опомена!!!

Јана Бурческа се враќа во Скопје со одлични импресии и впечатоци од евровизиската турнеја. После настапите во Лондон и Тел Авив за кои пишувавме, Јана замина во Амстердам каде што настапи на големиот настан- „Eurovision in Concert”

Со неа беа и Тамара и Тијана Тодевска како специјални гости, а Тијана го отпеа нејзиниот евровизиски хит, како и други постари евровизиски песни. Јана повторно и во Амстердам ги собра симпатиите на сите новинари и фанови, а за да направат интервју со неа се чекаше на ред. По забавата во петокот, во саботата се случи и традиционалната амстердамска забава каде што настапија 35 изведувачи. Јана блескаше на сцената во жолт фустан во стилот на Одри Хепберн, а публиката заедно со неа ја пееше „Dance Alone”.

 

Сега на Јана Бурческа и преостанува да вежба за втората полуфинална вечер на Евровизија која ќе се одржи на 11-ти мај. За жал, пејачката не открива никакви детали околку настапот, освен тоа дека ќе биде модерен и светски.

 

Погледнете ја галеријата од амстердамската авантура на Јана:

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »