Изненадувачки еко чистење по дома со сенф и прашок за пециво -Пробајте! - Македонија Денес

Изненадувачки еко чистење по дома со сенф и прашок за пециво -Пробајте!

Опомена!!!

Две намирници чудо прават во чистењето!

Ако сметате дека префиксот “еко” на амбалажите на детергентите и средствата за чистење кои ги купувате во продавница, содржат хемикалии кои се помалку штетни, се лажете.

На пазарот, има се повеќе и повеќе хемиски средства за чистење и за да ги совладаат конкурентите, тие стануваат се повеќе опасни за животната средина. За да нивната ефикасност биде уште подобра, технолозите промовираат производи со отровни елементи кои воопшто не се корисни за здравјето.

Затоа, ние секогаш ви предлагаме природна алтернатива која подеднакво, во некои случаи дури и поефикасно, може да послужи како ефикасно средство за чистење.

Дали знаевте дека прашокот за пециво и сенф ги отстрануваат дури и најтврдокорните дамки?

Пробајте! Само една лажица сенф во прав и литар вода ќе го исчистат мијалникот, рерната и вашите емајлирани садови за рекордно време, и плус ќе заштедите од домашниот буџет. Сенфот во овој случај ќе се однесува како незаменлив детергент, а вие може да се обидете да ги третирате и другите елементи со истата мешавина.

Нечистиот тепих ќе се исчисти така што по него ќе испрскате прашок за пециво, нежно ќе го истриете а потоа ќе исчистите со правосмукалка. Истото може да го сторите и со мебелот.

Добра вест за домаќинките: како да изгубите три килограми додека обавувате домашни задачи

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »