Истражување потврди:Јадете сирење за да живеете подолго! - Македонија Денес

Истражување потврди:Јадете сирење за да живеете подолго!

Опомена!!!

За здравје на целиот организам, потребно е да јадете сирење во овие количини.

Сирењето е богато со витамини, протеини и минерали, а најновото истражување докажува дека штити од кардиоваскуларни заболувања и срцеви удари.

Покрај тоа што е богатo со калциум, сирењето содржи и здрави масти кои лесно се апсорбираат во телото и го поддржуваат нивото на “добар” холестерол во организмот.

Истражувањата покажуваат дека дневната порција на сирење треба да има 30 грама или да изедете парче сирење(големина од кутија на ќибрит). Ако се јаде на овој начин, сирењето може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 14%.

Сирењето исто така содржи киселини кои спречуваат запушување на артериите. Сепак, колку и да е здраво, треба да се биде внимателен со конзумирањето.

Никако не е добро да се претерува со количините, бидејќи тоа може да го зголеми холестеролот, да доведе до дебелина, а солта и сирењето може да предизвика висок крвен притисок. Доколку од здравствени причини ви е забрането сирењето или не ви се допаѓа вкусот, експертите велат дека нискокалоричниот јогурт и млеко исто така можат да го обезбедат организмот со важни протеини и минерали, но без опасната сол која ја содржи сирењето.

Телото ви испраќа сигнали: Зошто организмот постојано ви бара месо или сирење!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »