Историски парк на Германско-Чешка граница добитник на ЕУ грант од 3 милиони евра - Македонија Денес

Историски парк на Германско-Чешка граница добитник на ЕУ грант од 3 милиони евра

Опомена!!!

Историскиот парк „Golden Road” поврзува две држави, односно два града од Германија и Чешка.

Германскиот град Барнау и чешкиот град Тачов ги дели само границата, а паркот е заеднички проект на овие две општини. Во историјата бил користен од кралот Чарлс Четврти како пат до неговите недвижнини во овој регион. Денеска паркот „Golden Road” ги обновува и ги зајакнува социјалните, економските и јазичните врски во регионот.

Отворен е во 2011 година и привлекува повеќе од 20 000 посетители годишно, не вклучувајќи го и големиот број луѓе присутни на разните конференции што се одржуваат таму. Меѓу посетителите се илјадници ученици кои го посетуваат паркот за да дознаат за секојдневниот живот во времето на Чарлс IV и  заедничкара баварско-боемска историја на Германија и Чешка.

Од програмите за кофинансирање на ЕУ, овој парк е добитник на грант во вид на неповратни финансиски средства. Проектот за развој на „Golden Road” од ЕУ програмите во период од 2009 до 2013 година има добиено вкупно 2 948 575 евра. Целта на проектот е да се развие туризмот во овој регион.

Доколку сте заинтересирани да прочитате повеќе за ЕУ фондовите, како и за начинот на кој може да аплицирате за грант со ваша иновативна идеја, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »