Интервју со Виктор Ивановиќ: Оваа академија е наменета за сите оние кои сонуваат да постанат дел од светот на професионалните голмани - Македонија Денес

Интервју со Виктор Ивановиќ: Оваа академија е наменета за сите оние кои сонуваат да постанат дел од светот на професионалните голмани

Опомена!!!

Виктор денес направи пауза помеѓу тренинзите и ни раскажа повеќе за академијата за голмани. Прочитајте повеќе за академијата „Ивановиќ“!

МД: Како дојде до идејата да формираш своја академија за голмани?

ВИ: Морам да признаам дека ова е и идеја на брат ми Филип, кој воедно е и основач на голманската академија „Ивановиќ“. Додека се уште бевме активни спортисти, постојано следевме како во другите држависе формираатголем број на академии и спортистите преку истите професионално се надградуваат и обучуваат. Па така по завршувањето на професионалната кариера, јас и брат ми донесовме одлука да ја реализиравме нашата идеја и да ја формираме академијата „Ивановиќ“.

МД: Кога е формирана академијата„Ивановиќ“?

ВИ: Академијата „Ивановиќ“ е формирана 1-ви март 2014 година. Веќе 4 години успешно котираме на пазарот и мора да напомнам дека наш прв член на академијата е Матеј Величковски, кој во моментов е дел од ФК Вардар.

Виктор Ивановиќ

МД: За кого е наменета оваа академија?

ВИ: Оваа академија е наменета за сите оние кои сонуваат да постанат дел од светот на професионалните голмани. На академијата ќе научат дека овој сон се исполнува со многу труд, по неколку тренинзи на ден и голема упорност. Најмладите играчи пак уште од „мали нозе“ ќе научат што значимаксимална посветеност.

МД: Дали постои старосна граница за пријавување  на академијата?

ВИ: Сите активни спортисти, односно голмани може да се приклучат и да постанат дел од академијата. Во моментов најмладиот член е роден 2009 година, а пак најстариот е 1995 година.

Виктор Ивановиќ

МД: Се разбира дека академијата се состои од практична настава, но дали при посетата на истата се изучува и теорија?

ВИ: Академијата се состои повеќе од практична настава,нои теоретскиот дел има своја важност. Познати спортисти меѓу кои ја посетиле и држеле теоретска настава се: Томе Пачовски, Иван Карас Јовановски, Петар Баснарков и други.

МД: Кој ги држи обуките во академијата ?

ВИ: Во академија „Ивановиќ“ тренинзите ги држат тренери со лиценца:

  • Филип „Ивановиќ“ – UEFA B, национален голман B,FIFA сертификат за голмани
  • Виктор „Ивановиќ“- UEFA B

Виктор Ивановиќ

МД: Дали соработувате и со некои тренери надвор од земјава?

ВИ: Да, во контакт сме и со колегите од странство. Постојано се консултираме и разменуваме искуства.

МД: Дали организирате некои обуки надвор од рамките на државава?

ВИ: Ова година голманската академија „Ивановиќ“за првпат ќе организира голмански камп во Грција. Идејата на овој камп енашите членови да бидат дел од обука која ќе биде поделена на практичен и теоретски дел.

МД: Дали соработувате со некои фудбалски клубови?

ВИ: Во моментов соработуваме само со Македонски клубови, но нашиот планна кој активно работиме е во иднинада соработуваме и со поголеми клубови надвор од државава.

Виктор Ивановиќ

МД: Дали има некоја успешна приказна да споделите со нашите читатели?

ВИ: Имаме неколку стандардни репрезентативци и членови пред кои претстои интернационална кариера, тоа се досега нашите најголеми успеси.

МД: Кои се вашите планови за во иднина?

ВИ: Во блиска иднина нашите планови се да продолжиме да работиме како и до сега, односно да ги нудиме најсовремените технички тренинзи за идните голмани. Нашите желби се да имаме што повеќе ученици, а амбициите се истите да постанат голмани и дел од тимовите кои играат и на светските терени.

МД: Каде може да ве најдат читателите на Македонија Денес?

ВИ: Голманска академија „Ивановиќ“ги одржува тренинзите во населбата Ѓорче Петров на игралиштето „Македонски Лавови“. Се разбира и на нашата ФБ страна: golmani.mk

ЛП

Интервју со Катерина Калинска: Многу сопственици своите миленици ги третираат како рамноправни членови на своето семејство, а со тоа тежнеат да им обезбедат квалитетен и здрав живот. Производите „Кај Лиса Анимо“ ќе им го овозможат тоа

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »