Интервју со Катерина Калинска: Многу сопственици своите миленици ги третираат како рамноправни членови на своето семејство, а со тоа тежнеат да им обезбедат квалитетен и здрав живот. Производите „Кај Лиса Анимо“ ќе им го овозможат тоа - Македонија Денес

Интервју со Катерина Калинска: Многу сопственици своите миленици ги третираат како рамноправни членови на своето семејство, а со тоа тежнеат да им обезбедат квалитетен и здрав живот. Производите „Кај Лиса Анимо“ ќе им го овозможат тоа

Опомена!!!

Катерина ја отвори првата специјализирана продавница во Македонија за производство на свежа и здрава храна за домашни миленичиња. Прочитајте повеќе за „Кај Лиса Анимо“!

Кај Лиса Анимо

МД: Кој беше твојот мотив за да отвориш продавница од овој тип?

КК: Идејата за отпочнување на ваков бизнис ја имав од поодамна и со текот на времето се создадоа услови за нејзино трансформирање во реалност, за која не ми требаше време да ја препознам својата мотивација во целиот овој процес. Многу е важно да знаеме за што се бориме. Мојот најголем мотиватор е љубовта кон животните. Самото сознание дека создадов бренд со иновативен и единствен производ во Македонија, а и пошироко, ме мотивира се повеќе и повеќе да верувам во она што го правам.

Главниот и единствен мотив е производство на здрава и домашно подготвена храна за домашни миленици, која е 100% природна, без дополнителни додатоци и конзерванси. Покрај тоа, си обезбедив само – вработување и материјална егзистенција преку работа која бескрајно ме исполнува. Главниот двигател во целата работа е задоволување на потребите и барањата на купувачите, подигнување на свеста за потребата од здрава и свежа храна за домашни миленици, доближувањето и достапноста на храна од ваков тип до секој купувач.

Кај Лиса Анимо

МД: Каков тип на храна подготвувате?

КК: Храната која се подготвува во „Кај Лиса Анимо“  е 100% природна, подготвена од внимателно селектирани состојки од познато потекло и регулиран квалитет. Храната е балансирана, високо квалитетна која ги задоволува нутритивните вредности. Составот на храната е со контролиран квалитет и е биолошки прилагодена со коректни нутритивни вредности.

Подготвуваме варена свежа храна, сува храна, бисквити, колачи, торти и бисквити со висока протеинска вредност.

Кај Лиса Анимо

МД: Кои намирници ги користите при подготовката?

КК: Храната во својот состав содржи 70% чисто месо од познато потекло, зеленчуци и овошја соодветни за консумирање од страна на животните, антиоксиданси. Нудиме нутритивно балансирана храна, богата со омега масти, минерали, без додатоци на коскено брашно, конзерванси, бои, адитиви. Храната е 100% природна и здрава, биолошки адаптирана за кучиња и мачки.

Кај Лиса Анимо

МД: Дали додавате некои витамини во храната?

КК: Во процесот на производство на храната додаваме премикс од 21 витамин, соодветни за кучиња и мачки. Премиксот од витамини во својот состав содржи: антиоксиданти, бакар, железо, јод, колин хлорид, магнезиум, манган, селен, сулфур, биотин, фолнакиселина, ниацин, витамин, А, витамин Б1, б12, б2, б6, витамин Ц, витамин д3, витамин Е, витамин К3, цинк.

Додаваме витамини за да се задоволи дневниот внес на нутритивни вредности. Храната што ја произведуваме е подложена на термичка обработка, па затоа и истата  ја збогатуваме со витамини.

Кај Лиса Анимо

МД: Подготвувате само храна за кучиња или пак и за други миленици?

КК: Подготвуваме храна за кучиња и мачки. Свежа варена и сува храна.

МД: Дали милениците можат да се хранат само со овој тип на храна, без дополнително да се хранат со сувата купечка храна?

КК: Храната која ја произведуваме е со висок квалитет. Порциите се балансирани 70% од нејзиниот состав е чисто месо, така што е здрав и целосен оброк за кучиња и мачки. Доколку сопствениците решат да го хранат својот миленик со ваква храна, добро е да бидат информирани дека здравата и свежо подготвена  храна е комплетен оброк за нивниот миленик.

Кај Лиса Анимо

МД: Дали миленици кои имаат здравствени проблеми можат да се хранат со овој тип на храна?

КК: Апсолутно да.  Во консултација со ветеринар, подготвуваме и храна за миленици кои имаат здравствени проблеми. Бидејќи храната е природна и домашно подготвена претставува здрав оброк кој допринесува за подобрување на здравјето на милениците. Содржи состојки кои допринесуваат за зголемување на имунитетот и сл.

МД:  Дали подготвувате безглутенска храна за миленичињата?

КК: Во спектарот на производи кои ги нудиме подготвуваме и безглутенска храна, најчесто во форма на бисквити, која е наменета за животни кои се нетолерантни на глутен и имаат алергиски реакции на житарици. Но, секако тие се здрав и вкусен оброк за сите миленици. Видно се намалуваат алергиските реакции и се подобрува здравјето на миленикот.

Кај Лиса Анимо

МД: На кој начин овој тип на храна им помага на миленичињата да имаат поквалитетен животен век?

КК: Храната е подготвена од познати состојки кои може да ги консумира и човекот. Оброците се домашно подготвени од здрави намирници и ваквиот начин на исхрана е екстремно здрава алтернатива. Храната е пред се е свежа, не содржи конзерванси кои и го одржуваат рокот на траење и е подготвена со многу љубов и внимание. Уште во првите неколку месеци сопствениците може да забележат значителни промени кај своите миленици:

  • им се подобрува расположението и се зголемува нивото на енергија
  • се елиминираат алергиските реакции
  • се менува мирисот на милениците- почнуваат да мирисаат многу подобро
  • се подобрува физичката кондиција
  • се подобрува денталното здравје
  • се зајакнува имунитет
  • се подобрува квалитетот на крзното (станува помеко и свети)
  • рецептите кои се подготвува храната се многу слични на оброците кои ги консумираме ние луѓето, само што се адаптирани за домашни миленици.

МД: Дали храната која ја подготвувате е одобрена од ветеринар или некоја друга релевантна институција?

КК: „Кај Лиса Анимо“ произведува храна која е одобрена од ветеринар и е одобрена со решение од Агенција за храна и ветеринарство.

МД: Дали храната може да се порача?

КК: Секако. Храната најчесто и ја подготвуваме на тој начин, бидејќи нема долг рок на траење и најдобро е да се конзумира свежа.

МД: Каде можат да ве најдат читателите на Македонија Денес?

КК: Може да не најдат во дуќан кој се наоѓа во Буњаковец во близина на основното училиште  „Јохан Хајнрих Песталоци“. На нашатаFacebook страна: LisaAnimo. Исто така кога е времето убаво и сончево може да не најдат во Градскиот парк во близина на паркот за кучиња, како и на нашиот телефонски број во секое време 🙂

ЛП

Интервју со Влатко Милчевски и Александра Божиновска: Масажа во вашиот дом или на работното место, сте за?

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »