Интервју со Борче Пашоски: Животот без кафе во Битола, едноставно е незамислив, затоа, „24 кафе"! - Македонија Денес

Интервју со Борче Пашоски: Животот без кафе во Битола, едноставно е незамислив, затоа, „24 кафе”!

Опомена!!!

Борче Пашоски (32) e косопственик на новииот локал во Битола под името “24 кафе”. Тоа би било само обична информација за уште еден нов “кафич”, кога истиот не би нудел само кафе, а самиот локал уште на стартот не би овозможил 8 нови вработувања. “24 кафе” работи 24 часа, 7 дена во неделата, а Пашоски како би рекол за себе е непоправлив ентузијаст, дипломиран електро инженер, сопруг, татко на две малолетни деца и носител на 3 кредити.

 МД:Пашоски она што на прв момент по малку збунува е од каде идејата дипломиран електро инженер да се впушти во овој вид на бизнис инвестиција? “24 кафе” е нешто уникатно за наши простори дотолку повеќе што го лоциравте во градот каде пиењето кафе е добро утро, добар ден и добро вечер?

Б.П:Идејата започнува спонтано, поранешното бифе на автобуската станица беше доста време нефункционално, можеби и повеќе од 15 години, па во неколку наврати го размислував како добра инвеестиција, поради локацијата и голем транзит на луѓе, се додека не се собравме еден добар тим кои го делевме истото мислење за локалот дека може да работи како кафетерија.

МД:Многумина би измериле и повеќе од три пати пред да пресечат и да се впуштат во ваква авантура дотолку повеќе што лично никогаш не сте имале допирни точки со угостителството, како се решивте на тој почетнички чекор по кој очигледно нема назад?

Б.П:Токму така, во повеќе наврати имав изработено пресметки како би работел еден ваков локал, но не бев многу сигурен во делот кој не ми беше познат, угостителството, тука следува моментот каде се собираме со Никола и со Владимир, кои практично се и еднаков дел на сопственици во локалот. Владимир е долго во угостителската дејност и ги имаше потребните информации, додека пак Никола покрај својата професија има многу патувано и ги донесе идеите како локалот би требало да го менаџираме.

МД:“24 кафе” со самиот старт овозможи нови осум вработувања за младите Битолчани. Свесни ли сте за големината на проектот кој го започнавте и која е крајната граница?

Б:П:Идејата на “24 кафе” е да работи 24 часа па со тоа следува и обврска за вработување од 8 лица, тука најголем дел ни помогнаа активни мерки на агенцијата за вработување, имаме доста ослободување за придонеси и даноци во рок од 3 години, додека пак крајната граница е во времето кое следи да достигниме промоција во Битола и околината и да имаме околу 10 постојано вработени.

МД:Битола беше позитивно изненадена со брзото отворањето на “24 кафе” и тоа е показател сам по себе дека идејата ви била издржана, што ви помогна освен приватната лична инвестиција да започнете со функционирање. Мислам бројот на нови работни места не е за потценување?

Б.П:Во моментов како ветер во грб на секој нов работодавач се програмите на агенцијата за вработување на Република Македонија, како и за отварање за нов бизнис така и за вработување на невработени лица. Мислам не гледам ништо лошо да се искористи секоја помош која сопствената држава ти ја нуди ако знаеш како да ја искористиш.

МД:Проектот “24 кафе” набрзо покажа со брзиот развој дека ако е нешто што го има во големите метрополи низ светот сепак бара битолски шмек па така започнавте симпатични подпроекти. Може ли да ни појасните нешто повеќе за тоа?

Б.П:Тоа што во една Барселона е “Hard Rock”, се надевам дека во Битола би било “24 кафе” од делот на препознатлив бренд, пријателски персонал и добра услуга. Сепак кога се симнувате од автобус, сакале вие или не, ние сме првото нешто што го гледате во Битола и се надеваме дека таа е убава слика.

МД:Несоодветно за Битолчани е да “излегуваат” во локал каде приматот го има само кафето,а не е на главната пешачка улица т.е. Широк Сокак. Што е тајната на “24 кафе” која ги привлекува и младите генерации упорно да ве посетуваат.

Б.П:Тајната на “24 кафе” се вработените, сите се млади, позитивни и со желба за работа, како и развој на самиот локал. Мислам дека сме добара екипа и дека можеме вака да функционираме добро.

МД:Што е следно изненадување од “24 кафе” и познавајќи го вашиот немирен дух што е следно?

Б.П:Во моментот планираме соработка со инфо центарот на Општина Битола, да имаме промотивен материја за сите посетители, заради летните месеци очекуваме и дел од стански туристи да го посетат нашиот град, па добро е да имаат идеjа каде да го поминат нивното време додека се тука.

Автор: С.Н

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »