Интервју со Блаже Аризанов - Македонскиот Индиец Милионер - Како станав милионер? Најава на неговата книга - Македонија Денес

Интервју со Блаже Аризанов – Македонскиот Индиец Милионер – Како станав милионер? Најава на неговата книга

Опомена!!!

Блаже Аризанов, Македонскиот Индиец Милионер – МИМ со неговата прва книга на македонски јазик

Издавањето книга во која ја раскажувате својата приказна, за својот живот во одреден период. Тоа е нешто што ретко кој претприемач, бизнисмен или инвеститор го прави. Посебно ова вжи во раните развојни години на бизнисот и на својот животен век. Голем предизвик е да се излезе пред читателската публика без предходно искуство како писател. Но е охрабрување за младите дека се собира големо искуство и на млади години. Предуслов е доколку континуирано работат да ги подобрат своите вештини и знаења.

 

StayUncle

Вашата приказна за пројавува голем интерес кај младите луѓе кога ќе слушнат толку успешна приказна на сограѓанин. Уште повеќе дека не е во Америка, Европа или познатите дестинации за стартап еднорози.

Напротив, тоа се случува во источна, мистична и мултиколорна голема земја како Индија различна од нашето поднебје и навики. Да разберат читателите пластично колку е Идија и тамошната економија е голема и конкурентна, односно во број на жители е голема колку (шестотини и триесет) 630 Македонии.

StayUncle ја одпочнавте тројца и ја доведовте да генерира над 200,000 евра месечно. Тоа што не му текнало накому тука тоа што се случува “на водно”, а и низ многу други градови во земјата, вие го направивте во Индија.

 

 

Блаже Аризанов Каспиан

МД. Блаже каков ви беше сонот кога бевте мал? Дали имавте чувство во стомакот или градите дека сте роден за нешто големо?

БА. Хаха.. Колку и да звучи, клише, да. Тоа е кога ќе го поминеш детството како изолиран интровертен младич, далеку од тоа да биде главен фраер у маало. Кога најголем дел од времето го живееш во сопствената глава неминовно е да заклучиш дека си роден за големи нешта! Дека се друго околу тебе е тривијално и не вреди за твоето внимание.

МД. Кога се одлучивте да одите од Македонија? Кога почувствувавте дека во таа идеа (market niche – пазарен сегмент) лежи зајакот? Какво беше чувството таа вечер, тој ден? Ја почувстувавте ли иднината, ја видовте ли во слики?

БА. Кога заминав за Индија немав никаква врска дека после четири години ќе ја основам една од најпопуларните компании во таа огромна земја. Која ќе решава извонреден и уникатен проблем – да им помага на младите лубовни парови да си најдат приватно место за уживање.

 

Едноставно заминав од две причини да се почувствувам слободен, вистински слободен. Средината, селото луѓето кои ме опкружуваа во раните млади години во Струмичко ме задушуваа. Ниту тие мене ме разбираа ниту јас нив. И втора причина беше потрагата по професионално работно искуство. Индија е една огромна економија во фаза на раст. Сметав дека за разлика од дремливата Европа, Индија би била далеку подинамична.

 

Основачите на StayUncle – брзо растечки стартап бизнис со приход од над 200,000 евра месечно

 

МД. Блаже, што треба да поседува млад човек за да успее во реализацијата на неговата бизнис идеа? Каква енергија и фокус, а и колку долго?

БА. Интровертноста, способноста да се живее во сопствената глава, секако има удел во некоја си равенка за успех. Да живееш внатре во себе наместо надвор. Да си негуваш богат внатрешен универзум многу помалку ќе те погодуваат и ќе ти влијаат мислењата на другите.

А пак мислењата на нашиот напатен народ секогаш се сведуваат на едно исто – Не ја кревај главата премногу. Секако фокусот исто така има огромно значење. Токму тоа и го потенцирам внатре во книгата кога го спомнав “чудото” поради кое нашата фирма експлодира одеднаш.

Да, се случи чудо, чудото беше искрата која беше потребна да го запали огнот, Но фокусот т.е. домаќинлукот го одржи и порасна тој оган понатаму. Да се знае на што да се рече да, а на што не, во денешната ера богата со опции. Да се биде позитивно дискриминирачки е една неопходна особина на секој успешен претприемач.

 

 

Книгата Белиот Трофеј

МД. Блаже, со нетрпение се очекува вашата книга. Кога ќе излезе од печатница? Каде може да се купи и што таму ќе прочитаме? Можете ли еден пасус да ни откриете? Која е поентата на и целта на книгата?

БА. Книгата ќе биде наречена Белиот Трофеј, треба да се појави во првата половина од Јуни 2018. Ќе биде на располагање низ книжари и трафики низ цела Македонија. После првите десет страни ќе можете да ги забележите трагичните околности кои го дефинираат тој наслов. Впрочем добар дел од книгата ги опишува личните трауми кои ги доживеав во раното детство и подоцна во Индија.

За жал многу малку се зборува за значењето на траумите во целокупниот спектрум на развој на една успешна личност. Македонскиот народ е класичен пример за она што јас го нарекувам фасадиран народ т.е. народ кој се има изгубено себе си. Си има наметнато мноштво слоеви на фасади за да избега од самиот себе си, да одбие да се соочи со самиот себе си, со својата болка. Околу ова сме буквално исти како Индискиот народ. И тие како нас се поделени сами против себе. Се закриваат во фасади на база на религија, идеологија или старата добра политичка коректност.

 

Освен откривање на извонредните техники кои ги применивме за да ја кренеме фирмата од нула кон милиони долари во продажба, читателот ќе ме запознае и мене и демоните кои ми правеа друштво до сега.

Напишана е на лесен архаичен јазик а тоа е така со причина. Нема да биде ова книга некое си литерату

рно достигнување полно со булки, зумбули и останати термини. Нема да има зборови за кои Струмичкиот земјоделец никогаш во живото нема слушнато.

 

Белиот Трофеј

Ќе биде четиво кое е наменето не за боемски пијанки и литературни настани. Ќе биде буквално е наменето за масите, за обичниот човек, за земјоделецот. Веќе замислувам како ќе се чита нашироко од страна на амбициозни студенти додека јадат филија ајвер, пијани турбофолкери, депресивни транзиционери.

*филија (кришка, резанка, парче леб)

*За тоа како Блаже успеал во Индија прочитајте во неговата прва автобиогравска книга.

*Доколку имате прашања за Блаже Аризанов, можете да ни пишете во коментари на објавата. Истото може и директно во порака на меил или социјалните мрежи!

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »