Интересни фудбалски факти кои досега не сте ги знаеле: Кристијано Роналдо, всушност не се презива Роналдо... - Македонија Денес

Интересни фудбалски факти кои досега не сте ги знаеле: Кристијано Роналдо, всушност не се презива Роналдо…

Опомена!!!

Има навистина многу интересни фудбалски занимливости кои дури ни најголемите фанови на фудбалот не ги знаат:

Зошто се шутира од белата точка за пенал?

Белата точка како ознака од каде што се изведува пенал е воведена како мерка за штедење. Имено, порано се цртала линија долга од едниот до другиот крај на теренот во хоризонтала, која била паралелна со голот. За да се заштеди на креч, белата точка била воведена како разумна мерка за штедење.

Кој е првиот фудбалски клуб во светот?

Основан во  1857 година, прв фудбалски клуб е Шефилд ФЦ, а за неговото основање се заслужни двајца британски офицери, полковникот Нејтениел Крсвик и мајорот Вилијам Прист. Роденден слави на 24 октомври, а моментално е дел од седмата лига.

Босоногите Индијци на Светското првенство

Индија во 1950 година се повлекла од Светското првенство во фудбал, иако обезбедила пласман. Повлекувањето следувало откако на индиските играчи не им било дозволено да играат без копачки, односно боси.

Кристијано Роналдо воопшто не се презива Роналдо

„Роналдо“ е само дел од неговото име кое во целост гласи Кристијано Роналдо до Сантос Авеиро. Господинот Авеиро е ѕвезда на португалскот фудбал и мадридскиот Реал, а името Роналдо го добил бидејќи на неговиот татко многу му се допаѓал Роналд Реган, кој во времето на раѓањето на малиот Кристијано (1985), го привршувал својот претседателски мандат на чело на Сад.

Рекорд- 199 854 гледачи на еден натпревар

Стадионот „Маракана“ од Бразил е сопственик на рекордот по бројот на гледачи на еден фудбалски натпревар. Во 1950 година, за време на финалето на Светското првенство против Уругвај, на стадионот имало 199 854 гледачи. На крајот имало речиси исто толку незадоволни, бидејќи победил Уругвај со 2:1 и со тоа станал светски шампион во фудбал.

Најинтересниот натпревар на Астон Вила

Натпреварот одигран во 1976 година, помеѓу Астон Вила и Лестер бил и повеќе од интересен. Нерешено е исходот од овој натпревар кој завршил 2:2. Сите голови во ова реми ги постигнал еден играч, а тоа е играчот на Астон Вила- Крис Никол.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »