Интересна трансформација: Од „полу камион“ до прекрасен мобилен дом (видео) - Македонија Денес

Интересна трансформација: Од „полу камион“ до прекрасен мобилен дом (видео)

Опомена!!!
На многу луѓе им се допаѓа идејата за номадски начин на живот и патување наоколу со мобилен дом, но малиот простор и недостатокот на приватност често пати ги предомислува луѓето за преземање на таков чекор.

Мобилните домови не овозможуваат луксузен начин на живот, но што доколку постои решение што ќе овозможи исполнување на сите услови за нормален живот? Компанијата „Dahir Insaat“ има за цел да го направи ова возможно со создавање на трансформирачки мобилен дом.

Овој мобилен дом на почетокот изгледа како „полу камион“, а штом ќе почне трансформирачкиот процес, ѕидовите и покривот се отвораат и веднаш почнува да добива форма на дом. Во даблдекер верзијата има дури и втор спрат како би се овозможил поголем простор.

Концептот е едноставен, но самиот дизајн дава вистинска луксузна вибрација. На сите страни има прозорци, кои овозможуваат чуство на слобода и отвореност, но секако може да се прилагоди ентериерот и екстериерот по сечиј вкус, па така може да се додаваат ѕидови и прозорци онаму каде што сметате дека е потребно.

Оновната верзија на мобилниот дом има простор од 150 м2, но сепак има опција истиот да достигне и до максимални 269 м2, што е неверојатно ако се земе во предвид колку голем простор е тоа. Ѕидовите се направени од дрво, засилено со челични плочи, а домот функционира на дизел генератор.  Исто така си има споствена електрична енергија, водовод и вода.

Во продолжение погледнете како функционираат и се трансформираат овие камиони во дом.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »