„Инструментал Бенд“ ве води на патување низ времето (видео) - Македонија Денес

„Инструментал Бенд“ ве води на патување низ времето (видео)

Опомена!!!

Патувајте низ времето со новиот музички проект на „Инструментал Бенд“.

Битолската музичката група „Инструментал Бенд“ ги објави првите видеоматеријали од новиот проект насловен како „Времеплов“.

„Бацила је све низ ријеку“ од Индекси, легендарната „Као какао“ од Леб и сол, „Моја прва љубав“ од Хаустор, „Боље да сам друге љубио“ од Кербер, „Заставе“ од Парни ваљак, „Ти си сав мој бол“ од ЕКВ и „Ако можеш заборави“ од Бијело дугме, се песните кои се најдоа на првиот дел од музичкиот проект „Времеплов“.

Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ го сочинуваат: Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.Пратечките вокали на проектот ги пее Рената Нечковска, а сите видеозаписи се дело на Куба Видео.

Во продолжение погледнете ги првите две видеа од новиот проект со кој се дава нова свежина и атрактивност на подзаборавените хитови од регионот.

Македонски музички вести: „Инструментал Бенд“ најавува бројни проекти во 2018-та

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »