Инсталирајте ја оваа апликација на телефонот на личноста која мрази да ви одговара на пораките и повеќе никогаш нема да го повтори тоа - Македонија Денес

Инсталирајте ја оваа апликација на телефонот на личноста која мрази да ви одговара на пораките и повеќе никогаш нема да го повтори тоа

Опомена!!!

Апликацијата ReplyASAP ќе го заклучи телефонот на вашето дете се додека тоа не одговори на пораката на родителите. Неа ја направил Британецот Ник Херберт.

Ник добил инспирација за креирање на оваа апликација од неговиот син Бен кој упорно го држел неговиот телефон на минимум звук. Покрај на децата, оваа апликација може да ја инсталирате и на телефонот на момчето/девојката, за да тие секогаш мораат да ви одговорат на пораката.

Херберт се обидел да најде апликација која бис е пробила низ намалениот режим на звук на мобилниот телефон и би го привлекла вниманието на Бен. Со оглед дека не пронашол таква, решил да креира сопствена апликација.

апликација

За да функционира, апликацијата мора да биде инсталирана на телефоните и на личноста која испраќа и на личноста која ја прима пораката. Отворете ја, внесете во неа порака и испратете. Кога ќе му стигне на примачот се огласува силен аларм, а апликацијата го заклучува екранот се додека тој не испрати одговор.

Испраќањето на пораката е бесплатно, како и апликацијата доколку ја користите само за една личност. За повеќе се плаќа.

Апликацијата на Херберт ја користат само во итни случаи, што ви го препорачуваме и на вас. За сега е достапна само за Андроид, пишува Mental Floss.

ReplyASAP , бесплатно можете да ја преземете на ОВОЈ ЛИНК.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »